Бајковитиот живот на една од најубавите Србинки - сосетка е со Новак Ѓоковиќ, фит по бременоста (фото)
- Детали
- четврток, 10 ноември 2022
Познатиот српски модел својот изглед го менуваше низ годините, а во последно време негува изглед на фит црнокоса, но со пластична операција на градите и зголемување на усните.
Дејана Живковиќ Симовиќ е една од најпознатите српски манекенки, но периодов таа е посветена на својот сопруг и синот и ужива во семејната идила.
Живее во раскошен стан во зграда во која недвижнина купи и Новак Ѓоковиќ, а во која метар квадратен чини 3.500 евра.
Нејзиниот стан има повеќе од 100 квадрати и чини околку половина милион евра, пишуваат српските медиуми. Има бибилиотека, раскошни лустери, мермер и што уште не.
Во декември 2021 година Дејана се сврши со својот сакан Филип Симовиќ, со кој го добија синот Лав. Таа веќе го носи презимето Симовиќ.
Дејана е родена во Белград во 1992 година и победи на низа српски избори за убавина, но стана позната и по турбулентните врски со некои српски спортисти.
Од мала се занимава со атлетика, живеела низ разни земји во светот, а својата кариера на модел ја градела и во Виена и Милано.
Таа својот изглед го менуваше низ годините, а во последно време негува изглед на фит црнокоса, но со пластична операција на градите и зголемување на усните.
Во 2014 година таа се појави и во спот на Саша Ковачевиќ.
Дејана во октомври во прослави својот 30-ти роденден во Виена.