Ќерката на Дино Дворник со фотка од пред операцијата на градите: „Едната града по доењето остана поголема, боли повеќе од царски рез“ (фото)

„Процедурата е поболна од породување со царски рез. Никогаш не можев да се замислам себеси со големи гради, но по доењето морав на операција“ – ќерката на Дино Дворник, Ела отворено говореше за процедурата за зголемување на градите и за тоа зошто се одлучила на таков чекор.

kjerkata-na-dino-dvornik-za-operacijata-na-gradite-po-doenjeto-edna-od-gradite-mi-ostana-pogolema-boli-povekje-od-carski-rez-foto-01.jpg

Ќерката на познатиот хрватски музичар Дино Дворник, Ела (31) е позната по тоа што секогаш отворено говори за својот приватен живот, а не крие и дека направила естетски корекции на своето тело.

kjerkata-na-dino-dvornik-za-operacijata-na-gradite-po-doenjeto-edna-od-gradite-mi-ostana-pogolema-boli-povekje-od-carski-rez-foto-05.jpg

Така во своето најново видео на YouTube кое го наслови „Луѓе време е за гради“, Ела зборува за тоа како ја донела одлуката да оди на операција за зголемување на градите и како изгледал целиот тој процес.

„Јас отсекогаш сум имала мали гради. Односно, не можам да кажам баш мали, но она што кај мене беше мошне специфично е дека имам мошне широки гради.

Секогаш носев C корпа и тоа ми одговараше, посебно во деновите кога бев помлада и не можев да се замислам со големи гради.

kjerkata-na-dino-dvornik-za-operacijata-na-gradite-po-doenjeto-edna-od-gradite-mi-ostana-pogolema-boli-povekje-od-carski-rez-foto-02.jpg

Се сеќавам, кога ја родив Бали, млекото ми дојде преку ноќ... Иако не доев, пумпав млеко. Кога престанав со испумпување, градите како да ми се вратија во нормала, но левата дојка ми остана значително поголема од десната“ – рече Ела.

Хрватската пејачка и инфлуенсерка сподели фотографија од пред операцијата за да покаже колку била видлива разликата меѓу двете гради.

kjerkata-na-dino-dvornik-za-operacijata-na-gradite-po-doenjeto-edna-od-gradite-mi-ostana-pogolema-boli-povekje-od-carski-rez-foto-04.jpg

Таа појаснува дека во едната града ѝ се создавале грутки и почнала да размислува да направи естетска корекција на градите.

Веднаш се консултирала со хирургот што ѝ правел корекција на носот за градите и како што вели, тој ѝ рекол дека никогаш не видел таква асиметрија во градите.

„Корекцијата на градите ја направив во исто време кога правев корекција и на носот. Носот и градите ме чинеа нешто повеќе од 4.000 евра и сметам дека тоа беше добра цена“ – вели Ела.

kjerkata-na-dino-dvornik-za-operacijata-na-gradite-po-doenjeto-edna-od-gradite-mi-ostana-pogolema-boli-povekje-od-carski-rez-foto-06.jpg

Но, како што посочува, иако денес е задоволна од крајниот резултат, операцијата на градите воопшто не била безболна.

„Искрено, процедурата е поболна од породување со царски рез. По царскиот рез веднаш бев во можност да станам, а по операцијата на градите не можев ништо да правам. Но, добро човек може да поднесе сѐ кога сака нешто. Но, не жалам, сѐ излезе добро и многу сум задоволна“ – рече таа.

Погледнете го целото видео во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg