Заедно се 22 години, трча по неа со ќебе кога ѝ студи – Кој е соработникот на Северина, кого Игор Којиќ го обвини за распадот на бракот? (фото)

За Томица не се знае многу. Хрватските медиуми пишуваат дека тој потекнува од малото гратче Нови Мароф, а со музика почнал да се занимава како млад кога се преселил во Загреб каде работел како диџеј во познати локали.

zaedno-se-22-godini-trcha-po-nea-so-kjebe-koga-i-studi-koj-e-sorabotnikot-na-severina-kogo-igor-kojikj-go-obvini-za-raspadot-na-brakot-foto-02.jpg

Откако открил повеќе звучни музички хрватски имиња, тој целосно се посветил на кариерата на Северина. Па така, од 2000-та година па наваму, Томица е постојано на располагање на пејачката.

„Освен што ѝ е менаџер и соработник, тие двајца се и пријатели. Тој ѝ е главна потпора во сите најважни мигови, нему му се доверува, тој ѝ е најголема поддршка во работењето но и во животот“ – пишува Jutarnji.hr.

Весникот дополнува дека Петровиќ буквално бдее над Северина. Тој внимава да не ѝ студи, трча по неа со ќебе... Знае што сака таа да јаде.

Тој ѝ ја отвора вратата од автомобилот и ѝ носи чадор кога врне. Точно знае кога пејачката е уморна, а кога сака да се забавува до зори.

Се вели дека Томица воопшто и нема приватен живот затоа што постојано е со Северина. Тие се заедно од утро до мрак, заедно ручаат и вечераат.

Тој ја носи на концерти, со неа оди на домашните веселби, ги известува медиумите за сите настани од нејзиниот приватен живот.

Се знае дека Томица се противел на бракот на Северина со Игор, заради што тој и пејачката накратко се разделија во 2019-та година, но по разводот, тој повторно е нејзиниот најблизок соработник.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Добрина на дело: Жена во Грција влезе во студеното море за да спаси маче, кое се бореше за живот (ви... „Оваа жена не се двоумеше да влезе во студеното море и да спаси маче кое се боре...
Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg