YouTube му го исклучи каналот на Бака Прасе - консумирал опојни супстанци во видеата и уште 2 причини
Инаку, откако пред две недели Жељко Митровиќ објави повеќе детали за Бака Прасе, обвинителството во Белград покрена истрага за да се провери дали тој поседува опојни супстанци и дали консумирал опојни супстанци за време на снимање одредени видеа што ги емитувал на својот канал, а освен тоа, српските власти го гонат и за затајување данок.
Се смета дека тој годишно од својот YouTube канал заработувал околу 200.000 долари, а пријавил данок од само 961.000 српски динари (околу 7.800 долари).
Дополнително, најавено е дека освен што ќе биде предмет на истрага неговото промовирање консумирање дрога и опојни супстанци, исто така ќе се истражуваат и други кривични дела што тој ги направил досега на YouTube.
Бака Прасе во Инстаграм стори појасни зошто му е исклучен каналот на YouTube. Како што вели, каналот е деактивиран затоа што добил три пријави.
„Добив три пријави за клиповите од гостувањето во Пинк пред 4 до 5 години. Не може пожалосен потег од ова“ – напиша тој.
Прочитајте и Стан од 2,5 милиони евра, скандал за педофилија: Бака Прасе (23) - најпознатиот српски Јутубер
Б. С. Б. | Црнобело