Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател - ја обвинуваат дека е зависник од луксуз, таа му е десна рака

Била фотографирана со дијамантски часовник и чанта од 50.000 евра, живее во луксузна палата. Сепак, Емине Ердоган тврди дека е скромна жена која купува евтини имитации. Што знаеме за сопругата и десната рака на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

ja-obvinuvaat-deka-e-shopoholichar-i-zavisnik-od-luksuz-taa-tvrdi-deka-nosi-imitacii-fakti-za-emine-erdogan-soprugata-na-turskiot-pretsedatel-01.jpg

Сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (68), Емине (67) е првата дама на Турција и е препознатлива по својот скромен изглед. Иако, делува скромно, Емине не е во сенка на нејзиниот сопруг, туку е негова „десна рака“ и е мошне вклучена во хуманитарни проекти за заштита на правата на жените и на децата.

ja-obvinuvaat-deka-e-shopoholichar-i-zavisnik-od-luksuz-taa-tvrdi-deka-nosi-imitacii-fakti-za-emine-erdogan-soprugata-na-turskiot-pretsedatel-02.jpg

Реџеп и Емине се во брак од 1978-ма година, а уште во тоа време биле мошне заинтересирани за политика. Во 80-тите години парот бил посветен на нивните 4 деца, а од 1985-та година Ердоган и официјално влегува во политиката.

ja-obvinuvaat-deka-e-shopoholichar-i-zavisnik-od-luksuz-taa-tvrdi-deka-nosi-imitacii-fakti-za-emine-erdogan-soprugata-na-turskiot-pretsedatel-03.jpg

Интересно е тоа што истата година кога Ердоган се приклучува на партијата за благосостојба, Емине веднаш застанала на чело на женскиот огранок на партијата.

Откако Реџеп бил избран за градоначалник на Истанбул во 1994-та година, Емине веднаш почнала со организација на повеќе проекти.

ja-obvinuvaat-deka-e-shopoholichar-i-zavisnik-od-luksuz-taa-tvrdi-deka-nosi-imitacii-fakti-za-emine-erdogan-soprugata-na-turskiot-pretsedatel-04.jpg

Освен што е позната како „десна рака“ на претседателот, Емине низ годините привлекувала внимание и со луксузната облека и начинот на живот што потоа биле негирани во дел од провладините медиуми во Турција.

Во турските медиуми досега имало пишувања дека иако делува мошне скромно, Емине не е имуна на луксузна брендирана облека и додатоци.

Така, во 2020-та година дел од медиумите објавија дека првата дама на Турција носи чанта од Hermes која чини  50.000 евра и тоа во време кога земјата се соочуваше со финансиска криза.

ja-obvinuvaat-deka-e-shopoholichar-i-zavisnik-od-luksuz-taa-tvrdi-deka-nosi-imitacii-fakti-za-emine-erdogan-soprugata-na-turskiot-pretsedatel-05.jpg

По ова дел од турските медиуми застанаа во одбрана на првата дама и рекоа дека таа никогаш не носи скапа облека, туку купува евтини имитации.

Освен со чантата, Емине повторно се најде во фокусот на јавноста и неколку години подоцна кога се појави уште една фотографија при посетата на Етиопија на која таа носеше луксузен часовник Chopard од нивната луксузна дијамантска линија кој чини околу 35.000 евра.

ja-obvinuvaat-deka-e-shopoholichar-i-zavisnik-od-luksuz-taa-tvrdi-deka-nosi-imitacii-fakti-za-emine-erdogan-soprugata-na-turskiot-pretsedatel-06.jpg

Во турските медиуми ретко се пишува за луксузниот живот на Емине, но западните медиуми немаат проблем да објавуваат статии за неа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg