Сопругата на српскиот тајкун Жељко Митровиќ сподели смешно видео: „Ќе стане танчар во Сен Тропе“
- Детали
- среда, 17 август 2022
„Човекот го живее животот“ – се вели во еден од коментарите до видеото на кое се гледа како сопственикот на Pink телевизија лудо се забавува во ноќен клуб во Сен Тропе. Жељко Митровиќ на 55 години танцува како момче од 20 години.
Српскиот тајкун Жељко Митровиќ (55) и неговата сопруга Милица деновиве се на одмор. Парот уживаше во Сен Тропе и во Монако, а Милица објави видео во кое се гледа дека Жељко лудо се забавувал додека биле излезени.
Сопругата на сопственикот на Pink телевизија, Жељко Митровиќ на својот Инстаграм профил сподели видео во кое може да се види како тајкунот игра на подиум и лудо се забавува додека беа излезени во еден локал во Сен Тропе.
„Ако вака продолжи, маж ми ќе го вработат како танчар“ – напиша таа до видеото.
Голем број од оние што го погледнаа видеото коментираат за енергичниот танц на Жељко, на кој може да му позавидат и голем број помлади луѓе.
„Супер е!“, „Човекот го живее животот“, „Лудо се забавува“ – стои во дел од коментарите.
Милица сподели уште едно видео од Монако, каде српскиот тајкун застанува до уличните музичари за да ги слушне.
Освен тоа и Жељко само сподели фотографија од плажа, но како што рече откако добил потврда за еден проект што 2 години го работел во тајност очекува кога ќе се врати во Белград да прослави како човек.
Б. С. Б. | Црнобело