Тони Цетински со нов имиџ по трансплантацијата на коса – Фризурата му е како на почетокот на кариерата (фото)
- Детали
- понеделник, 08 август 2022
Хрватскиот пејач Тони Цетински деновиве е зафатен со голем број настапи, а на фотографиите веќе се забележуваат резултатите од операцијата за трансплантација на коса. Погледнете како изгледа Тони со многу повеќе коса од она што сме навикнати да го гледаме изминативе години.
Хрватскиот пејач Тони Цетински (53) во ноември минатата година објави повеќе фотографии на Инстаграм во кои откри дека бил на операција за трансплантација на коса.
„Веќе подолго време имав желба да одам на трансплантација на коса и среќен сум што за да го направам тоа не морав да одам надвор од границите на нашата земја. Се радувам на резултатите“ – напиша пејачот до фотографиите од операцијата.
Хрватскиот пејач ова лето постојано има нови концерти и ангажмани, а резултатите од операцијата веќе се забележителни.
Тони минатиот викенд настапи на сцената на Adria Summer Festival со сосема нов имиџ - сега тој има густа виткана коса, слично како што имаше на почетокот од својата кариера.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Spremni za Adria Summer Festival 2022. SAMO LJUBAV❤️
Posted by Tony Cetinski on Saturday, August 6, 2022
Adria Summer Festival 2022. SAMO LJUBAV❤ Hvala Pula☀
#samoljubav #tonycetinski #adriasummerfestival #arenapula
Adria Summer Festival 2022. SAMO LJUBAV❤ Hvala Pula☀ #samoljubav #tonycetinski #adriasummerfestival #arenapula
Posted by Tony Cetinski on Saturday, August 6, 2022
Б. С. Б. | Црнобело