Србинка згрозена од сцена на грчка плажа: „Ископаа дупка во песок за детето да се олесни - срам ми е што сум од Србија“
- Детали
- среда, 27 јули 2022
„Во еден момент девојчето кажа дека ѝ се кака, а дедо ѝ ископа дупка покрај море и ѝ рече - еве дојди тука... И мајката ископа резервна дупка, а девојчето за некој момент стана со блажена насмевка. Мајката, мртва ладна, го закопува доказниот материјал и пали цигара“ - раскажува Србинка која била сведок на непријатна ситуација на грчка плажа. Што мислите за ова?
Во Фејсбук групата „Live from Greece“, Србинка раскажа сведоштво од грчка плажа, заради кое вели дека се срами што е од Србија.
Нејзината објава гласи:
„Денес присуствував на неверојатна сцена. На плажа седат дедо, баба, млада мајка и девојче од 4-5 години. Зборуваат српски.
Пливам, а во еден момент, девојчето кажува дека ѝ се кака. Дедото почнува да копа дупка со лопатка во ситните камчиња покрај море, која ја заплискуваат бранови.
И вели – еве какај овде во дупката. Девојчето се обиде, но не можеше од брановите кои ѝ пречеа.
Но, тука настапува на сцена мајката, која седи на 10-тина метри од нив на плажата. И таа ископа резервна дупка.
Го викна детето, девојчето дојде до неа, седна во дупката и за некој момент стана со блажена насмевка. Завршила работа.
Мајката, мртва ладна, го закопува доказниот материјал. Ноншалантно пали цигара, става очила за сонце и погледот ѝ се губи во далечината.
Боже чувај нѐ. Се срамам што сум од Србија. Толку“.
Во коментари, повеќето членови од групата изразуваат револт кон случката и раскажуваат дека и самите биле сведоци на такви непријатни сцени, а дел од нив сметаат дека за ова треба да постојат контроли и казни.
Сепак, има и такви кои се согласуваат дека постапката е некултурна, но сметаат дека не треба да се меша националноста во тоа, бидејќи културата сепак доаѓа од дома и домашното воспитување. Се согласувате?
„Тоа што го направиле е некултурно... Но, никогаш не би рекла дека заради тоа ми е срам што сум од Србија. (Не)културата нема нација, секој е индивидуа за себе“.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com