Најпознатата српска тиктокерка Барби Африка: „Велат дека заработувам по 5.000 евра месечно, но тоа не е точно“
- Детали
- недела, 31 јули 2022
„Моите родители ми се најголема поддршка и ми помагаат, иако кога почнав да снимам класната ги викна на разговор да ги укори за моето однесување“ – раскажува 20-годишната српска инфлуенсерка Барбара Миленковиќ, позната како Барби Африка.
Србинката Барбара Миленковиќ во моментов има 3,7 милиони следбеници на ТикТок од целиот свет. Оваа 20-годишна девојка од Ниш има свои следбеници од Индонезија, САД и Франција, а во моментов учи и кинески јазик, затоа што е решена да ја освои Кина.
Таа во изјава за медиумите открива дека почнала да снима видеа уште во основно образование, а често била мета на потсмев кај врсниците.
Така во 8-мо одделение две девојчиња наместо презентации на училиште одлучиле да пуштат нејзино видео, по што сите ѝ се постмевале.
„Подоцна во средно училиште кога повторно почнав да се снимам, класната ја повика мајка ми и ѝ рече: ‘Вашето дете се снима, не ја знаат само во училиштето туку и надвор од градот’. Јас почнав меѓу првите да снимам за ТикТок. Тогаш сите снимаа за YouTube, а никој за ТикТок“ – раскажува Барбара.
Таа објавува голем број видеа на кои танцува, пее, глуми или објаснува како се снима добар видео. Освен тоа, честопати знае да сподели и некој забавен трик или нешто ново што го научила.
Сепак, вели дека сака да биде позитивен пример за младите, па откако се запишала на факултет честопати знае да вклучи пренос во живо и заедно со нејзините следбеници да го следат материјалот што го учи додека таа молчи.
Верувале или не, се случувало и околу 3.000 луѓе заедно да учат со неа на ТикТок.
@barbiafrika Omg?It really works?#imparacontiktok #learnontiktok ♬ original sound - barbiafrika
И покрај негативните коментари од наставниците, Барбара открива дека нејзините родители ѝ се најголема поддршка – татко ѝ и помага на снимањата, а мајка ѝ и е менаџер.
На коментарите дека заработува и по 5.000 евра месечно, таа вели дека тоа не е точно:
„Среќна сум што можам да си дозволам да си купам некое парче облека или нешто за себеси без да барам пари од родителите, но не е точно дека заработувам толку пари“ – рече таа.
Барбара освен на ТикТок, редовно објавува фотографии и на Инстаграм во провокативни изданија и бикини.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело