Две венчаници, бајковита атмосфера: Српска пејачка направи свадба на роденденот на ќеркичката (фото)
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
„Го крстивме нашето бебенце, а мама малку се омажи“ – напиша пејачката Миа Борисављевиќ на Инстаграм до фотографиите од венчавката со нејзиниот долгогодишен партнер и татко на нејзините ќерки.
Српската пејачка Миа Борисављевиќ (38) и нејзиниот долгогодишен партнер и колега Бојан Грујиќ (36) со кого има две ќерки направија венчавка.
Миа на црквената венчавка блесакше во раскошна венчаница, а косата ѝ беше собрана во пунџа и со вел.
За парот ова ќе биде датум со голем важност, затоа што освен што во истиот ден го кажаа судбоносното „Да“ и го прославија првиот роденден на ќерката Теа, истовремено направија и црковна крштевка.
„Денес е прекрасен ден, прв роденден на нашата Теа. Го крстивме нашето бебенце, а и мама малку се омажи, ништо страшно. Следува продолжение... Се гледаме драги пријатели, другари, кумови“ – напиша пејачката до фотографиите на Инстаграм.
Парот имаше необичен избор кога станува збор за песната на која го одиграа првиот танц, па така заедно танцуваа на песната Bella Ciao.
Инаку Миа и Бојан се заедно од 2016-та година, а со години наназад двајцата пејачи заедно настапуваа во клубовите. Тие заедно имаат две ќерки, Ема и Теа.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение: