Како изгледале познатите македонски и регионални млади ѕвезди некогаш, а како изгледаат денес?!
- Детали
- сабота, 04 јуни 2022
Покрај талентот во шоу-бизнисот - како што популарно го нарекуваат познатите, еден од факторите некогаш е и убавината, односно надворешната естетика. Славните дами посетуваат стилисти и вложуваат многу време, труд и енергија во изгледот, но како изгледале на почетокот од кариерата? Од Антониа Гиговска до Теодора Џехверовиќ, сетете се на нивните почетоци...
Дека популарноста е немилосрдна е факт којшто им е добропознат на многумина што го почувствувале „допирот“ на славата.
Познатите личности честопати се под притисок дека секогаш мораат да бидат максимално средени, негувани, модерни и во чекор со трендовите, па дури и пред нив.
Многу девојки од нашата и регионалната естрада се одлучија за корекција на својот изглед.
Некои од нив тотално ги променија личните описи, па сега не би ги препознале доколку ги погледнете нивните фотографии од пред само неколку години, дел од нив тоа го направија навистина умешно, а има и такви кои ја задржаа својата природна убавина.
Па, како изгледале познатите македонски и регионални млади ѕвезди некогаш – а како изгледаат денес?!