„Зошто не се откажав од гледање ‘Survivor’ и кој ми е фаворит, а кој најголемо изненадување?“
- Детали
- среда, 11 мај 2022
Мина блескаше и беше непрепознатлива, Невена и Наџа доминираа на диско подиумот, Горан Шпалета заводник како и секогаш, а Стеван, Стефан и Владимир највоодушевени од егзотичните танчарки од Доминиканската Република, но „славата“ на забавата по повод спојувањето дефинитивно ја понесоа шарените чорапи на уникатниот Роко. Кој е вашиот фаворит?
Српско-хрватското шоу „Survivor“ уште ми е омилен ТВ формат... Зошто? Затоа што во него се тестираат човечките физички можности и сила, но и тоа какви сме како луѓе и колку карактерот влијае во меѓучовечките односи.
Не можам, а да не му се восхитувам на заводникот со сини очи Горан Шпалета, кој иако е во топ 3 најсилни натпреварувачи на шоуто беше изгласан во една пригода, но успеа да се врати помоќен од кога било.
Истраен и посветен на целта дефинитивно го гледам во финалето.
Тука е и Владимир Говедарица, кој исто така е на врвот на листата, со своето одлично снаоѓање во игрите.
Потоа ме воодушевува борбата на Милица, желбата на Наџа, одмереноста на Стеван, позитивноста на Стефан, експлозивноста на Ника, брзината на Невена, природната убавина на Маша, едноставноста на Руби, емотивноста на Роко итн.
Единствен натпреварувач кој не ми се допаѓа е Сумеја, но тоа е мој личен став нормално. Можеби обидот за креирање кланови и неприродноста во смеењето и пристапот кон некои ситуации ми ја одмилија.
Интересна ми е и Мина. Натпреварувач кој речиси и да не оствари победа во текот на целото натпреварување, но кој успеа да опстои поради позитивноста, константната ведрина, другарување и навивање за сите.
И таа дефинитивно ми беше најдрастично различна на забавата по повод спојувањето.
Со силна шминка на себе и испеглана коса, Мина, која работи како актерка, беше како комплетно друга личност, а тоа не можеа, а да не го прокоментираат и согирачите.
По забавата со егзотични танчарки од Доминиканската Република, на која се насладуваа со пијалаци и храна и по ноќта мината во вила на мек кревет, членовите на двете племиња, сините и црвените заминаа на трет остров да живеат сите заедно.
Емотивно се одделија од нивните живеалишта, изградени со многу труд, љубов и посветеност, и сега ќе градат нова приказна.
Повторно се борат едни против други и останува да видиме со какви предизвици ќе се соочат овојпат и кој ќе успее да опстане до крај.
Мој фаворит дефинитивно е Горан Шпалета, а кој е вашиот?
Како изгледаа натпреварувачите избањати и дотерани по повод забавата за спојувањето:
Прочитајте и „Зошто се опседнав со гледање на шоуто ‘Survivor’ периодов (иако нема македонски учесници)?“
С. С. | Црнобело