Јавно кажува дека Брена не ѝ е свекрва, се срамела да снима љубовни сцени – Факти за Александра Пријовиќ, снаата на Боба Живојиновиќ
- Детали
- понеделник, 02 мај 2022
Александра Пријовиќ е во брак со Филип Живојиновиќ, син на сопругот на Лепа Брена - Боба Живојиновиќ. Неодамна заплови и во актерските води и се појави во српската ТВ серија „Убице мога оца“, а вели дека се срамела да ги снима љубовните сцени. Дава до знаење дека Брена не ѝ е свекрва и дека не е славна заради нивното семејство.
Александра Пријовиќ (26) е позната српска поп-фолк пејачка, позната е по бракот со синот на сопругот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ, а неодамна тргна по стапките на нејзината славна свекрва и заплови и во актерските води.
Во серијата „Убице мога оца“, Александра ја толкува улогата на Миа, девојката на Миша (Бранислав Томашевиќ).
Бранислав во интервју за медиумите откри дека во рамки на снимањето ги избегнале сите сцени што би можеле некого да доведат во непријатна ситуација.
„Имавме договор со продукцијата да се избегнат сите сцени што може да доведат некоја непријатна ситуација. Нема тука ништо посебно што би можело некого да загрози.
Сѐ е дозирано и пристојно. Нема моменти што некому би можеле да му пречат“ – вели Бане Томашевиќ.
Александра, пак, откри дека најтешки ѝ биле љубовните сцени.
„Ми беше срам да го прегрнам, да се галиме и да бидеме блиски, буквално паничев. Сите се обидоа да ме опуштат, па дури и сопругот Филип“ – вели Александра.
Во продолжение неколку интересни факти за неа:
Александра Пријовиќ учествуваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и го овои третото место, а ја поврзуваа и со победникот Амар Јашарспахиќ, со кого сними и дует.
Тие двајца никогаш не ја потврдија, ниту ја отфрлија врската, но велат дека пишувањето во медиумите им било добредојдено и им помогнало да ја изградат сопствената кариера.
https://www.instagram.com/p/CUNEOSAoKl6/?utm_source=ig_web_copy_link
Од 2013-та година беше во врска со колегата Љубомир Перуќица кој исто така беше учесник во музичкото шоу. Иако многумина сметаа дека врската е сериозна, сепак по 2 години заеднички живот парот се раздели.
https://www.instagram.com/p/Cb222JXs-0-/?utm_source=ig_web_copy_link