Српскиот фудбалски репрезентативец Марко Гобељиќ ужива во љубовта со една од најатрактивните пејачки (фото)
- Детали
- петок, 29 април 2022
Тие се еден од најатрактивните српски парови, имаа бајковита свадбена церемонија, Катарина Грујиќ бргу се врати во форма по породувањето, а сега ги покажаа и раскошните покани за црковната венчавка.
Српскиот фудбалер Марко Гобељиќ игра за клубот „Црвена ѕвезда“, но и за српската репрезентација.
Тој се венчаше со пејачката Катарина Грујиќ минатата година, но сега парот се подготвува за црковна венчавка, која ќе се одржи на 2-ри јуни годинава.
Тие веќе ги подготвија „кадифените“ покани за своите роднини и пријатели.
Парот купи стан во Нов Белград во кој наскоро ќе се вселат, а веќе се реализираа и во улогата на родители на малата Катја.
„Јас сум новопечена мајка, бебето неодамна наполни 4 месеци. Најважна е добрата организација затоа што некогаш работите не одат по планот.
Мислам дека неопходно е да имате помош, бидејќи сами со партнерот не можете да постигнете. Плус тука е кариерата, па и да минете некое време со сопругот.
Кој може нека ги викне бабите на помош или ако е во можност нека си плати дадилка“, изјави Катарина за српските медиуми, но и истакна дека мајчинството е една од најубавите работи што можат да ви се случат во животот.
Таа е позната како една од најатрактивните пејачки во Србија и брзо по бременоста се врати во форма.
Како изгледаше свадбата на атрактивниот пар: