Факти за Жељко Јоксимовиќ - гласини дека бил во врска со Цеца, сопругата му приреди гламурозна забава за 50-тиот роденден
- Детали
- петок, 22 април 2022
Се шпекулираше дека бил во врска со Цеца Ражнатовиќ, го поврзуваа со неколку познати дами од српската естрада, пред сопругата Јована да му го освои срцето. Освен што добро пее, свири на 14 инструменти и говори пет странски јазици...
Жељко Јоксимовиќ (50) е едно од најзвучните имиња на српската и балканската музичка сцена. Двапати ја претставуваше Србија на Евровизија, а голем број од неговите песни за брзо време станаа хитови во балкански рамки.
Со луксузна забава организирана од страна на неговата сопруга Јована, Жељко го прослави својот 50-ти роденден.
На забавата присуствуваа голем број блиски пријатели и членови на семејството: неговите родители, ќерката од првиот брак Мина, како и синот Коста и близначките Ана и Срна.
Освен што беше многу популарен заради богатата музичка кариера, како и со работата на филмот „Тома“, Жељко во минатото честопати беше застапен во медиумите и заради врските со познати дами на српската естрада.
Тој во последните 11 години е во брак со ТВ водителката Јована Јоксимовиќ, а пред неа бил поврзуван со голем број други познати дами на српската естрада.
Факти за Жељко Јоксимовиќ:
Жељко е роден во 1972-ра година во Белград, а детството го поминал во Ваљево каде завршил основно и средно музичко образование. На 12 години на фестивал во Париз ја освоил наградата „Прва хармоника на Европа“.
Прво се запишал на музичка академија во Подгорица, а потоа се префрлил во Белград, но никогаш не го завршил факултетот. Жељко освен што многу добро пее, свири и на 14 музички инструменти, а говори пет странски јазици: грчки, англиски, руски, полски, англиски и француски.
Во 1995-та година се оженил со психологот Весна Аврамовиќ со која ја има ќерката Мина. Бракот траел кратко, а со бившата сопруга сè уште е во добри односи.
https://www.instagram.com/p/CXrLJPgtr6S/?utm_source=ig_web_copy_link
Во 90-тите Жељко беше во врска со пејачката Светлана Цеца Славковиќ, но пејачката се откажала од кариерата затоа што не ѝ се допаѓал животот како музичар, а набргу раскинала со него.
https://www.youtube.com/watch?v=WsTBFM3jmxg
По врската со Светлана, Жељко го поврзуваа со пејачката Леонтина Вукомановиќ. Тие се запознале во 1999-та година и заедно соработувале долго време. Никогаш не е потврдено дека тие двајца биле навистина заедно.
I crnu haljinu nocas biram crna je najbolja, crna odgovara hocu da budem ti lepa...
Posted by Leontina Vukomanovic on Saturday, December 20, 2014