Еден од најубавите српски парови на рајски одмор на Санторини (фото)
- Детали
- петок, 15 април 2022
Во совршено избрани лелеави фустани, пејачка Јелена Томашевиќ ужива на романтичното патување на Санторини со својот сопруг Иван Босиљчиќ.
Српската пејачка Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ периодов уживаат на патување на Санторини.
Парот, кој годинава ќе прослави 11 години брак, често е разделен поради работните обврски на Босиљчиќ во Русија, каде гради актерска кариера, па секој слободен миг го користат за да го минат заедно на некоја убава дестинација.
Јелена и Иван на Санторини престојуваат сами, додека нивната ќерка Нина е дома поради обврските околу училиштето.
Jeлена блеска во одлични пролетни модни изданија.
Фотографии од парот на Санторини:
С. С. | Црнобело