Се крие од јавноста, важи за моден авторитет - Како изгледа дечкото на најпозната српска модна инфлуенсерка Тамара Калиниќ?
- Детали
- вторник, 12 април 2022
„Времето е релативно, но секој миг поминат со тебе ми е омилен“ – вели Тамара Калиниќ за нејзиниот дечко Филипо Теста со кого е во врска 2 години и заради кого се преселила во Париз. Што знаеме за него и како изгледа таинствениот италијански бизнисмен?
Србинката Тамара Калиниќ (33) е една од најпознатите модни инфлуенсерки во светот, а иако се знае дека подолго време е во врска со Италијанецот Филипо Теста, мошне ретко објавува видеа и фотографии со него.
Тамара во последните неколку години живееше во Лондон, во Милано и во Париз, а се чини дека во италијанската модна метропола ја најде својата љубов со кого е заедно речиси две години.
Таа многу ретко објавува фотографии и видеа од него, а Филипо Теста, кој е мошне влијателен во светот на модата, на својот Инстаграм профил најчесто објавува црно-бели уметнички фотографии.
Српската инфлуенсерка со 1.2 милиони следбеници на Инстаграм која редовно споделува фотографии и видеа со нова брендирана облека и аксесоари, овојпат објави кратко видео во кое може да се види дека е заедно со нејзиното повеќегодишно момче Филипо.
„Времето е релативно, но секој миг поминат со тебе ми е омилен“ – пишува меѓу другото Тамара.
Српската инфлуенсерка која важи за една од највлијателните во светот најави дека својата приказна ќе ја сподели со Vogue.
Инаку, за Филипо Теста се знае во моментов работи во модната индустрија, но не се истакнува премногу пред камерите.
Претходно работел и за Balmain во Париз, а наводно, токму поради него Тамара одлучила да се пресели во Париз.
„Моето момче е најневеројатната личност што сум ја сретнала. Љубезен, полн со љубов, секогаш мисли на мене, лојален е, забавен, пристоен, џентлмен, вреден, бизнисмен“ – истакна во една прилика таа.
Погледнете го видеото: