„Металац“ ѝ подарија на Констракта леѓен и бокал кои одамна не се произведуваат (фото)

Со денови се зборува за „In corpore sano“, песната во изведба на Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, која ќе ја претставува Србија на Евровизија. Покрај текстот на песната, фокусот е насочен и на специфичната изведба која ја прикажа „уметницата“.

Metalac-i-podarija-na-Konstrakta-legjen-i-bokal-01.jpg

Имено, аудио-визуелниот перформанс на Констракта вклучуваше миење на рацете во леѓен, со посипување на рацете со вода од бокал од страна на другите учесници.

Компанијата за садови „Металац“ добила импресивна идеја и на Твитер објави дека подготвиле посебен подарок за Констракта кој одамна престанале да го произведуваат.

Имено, само за претставничката на Србија на Евровизија, „затоа што е царица“, направиле бокал и леѓен, кои одамна не се произведуваат како модел, а сметаат дека може да ѝ помогне во сценскиот настап во Торино, па се запрашале дали би сакала да го понесе со себе.

Набргу следувал одговор од официјалниот профил на РТС за Евровизија.

„Уметницата вели браво и може, може, може за Торино“, напишаа на Твитер.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констракта: „Неверојатно е што сѐ уште има луѓе кои сметаат дека феминизмот е насочен против мажите“ „Феминистичките заложби се за доброто на сите“ – српската пејачка Ана Ѓуриќ Конс...
Српската претставничка за впечатоците од Евровизија 2024: „Бев еднаш и никогаш повеќе“ Српската претставничка за првпат даде изјава за медиумите откако се врати од Шве...
Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
CRNOBELO во Белград: Како беше зад сцената на српскиот избор за Песна на Евровизија? (видео) На српскиот избор, кој траеше три вечери и се одржуваше во студијата на РТС на К...
Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол „Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои п...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg