Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ раскошно прослави 8 Март – украинскиот милијардер ѝ подари чанта од 4.300 евра
- Детали
- среда, 09 март 2022
По раскошната прослава за нејзиниот 22-ри роденден, ќерката на Жељко Митровиќ повторно е опсипана со внимание и скапоцени подароци од нејзиниот партнер, украинскиот милијардер Илија. Празникот 8 Март го прославија во Лондон...
Кристина Митровиќ, ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ, сите позначајни денови ги слави на раскошен начин со својот партнер, украинскиот милијардер Илија.
Така беше неодамна за нејзиниот 22-ри роденден, а и сега за празникот 8 Март.
Парот славеше со раскошна вечера во луксузен локал во Лондон, а Кристина од саканиот доби огромен розов букет, скапоцена Fendi чанта oд околу 4.300 евра и низа други подароци.
Парот постојано лета со приватен џет и речиси секој ден е на различна дестинација низ Европа.
Во една од Инстаграм објавите украинскиот милијардер порача:
„Бидете фокусирани на тоа да ја полевате вашата трева толку многу, што ќе немате време да проверите дали тревата на некој друг е позелена.“
Повеќе фотографии од локалот „Zuma“ во Лондон, каде славеше парот:
Прочитајте и Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ во раскош прослави 22-ри роденден со украинскиот милијардер (фото)
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





