Љубовна врска со Вук Костиќ, експлицитни сцени во серијата „Убице мог оца“ – факти за српската актерка Јелисавета Орашанин
Љубовна врска со Вук Костиќ
На почетокот на 2011 година актерката почнала да се забавува со 9 години постариот колега, Вук Костиќ. Тие својата врска ја прекинаа во септември, 2015 година, но двајцата повеќепати изјавиле дека останале добри пријатели.
Јелисавета и Вук ја обновија својата врска за време на снимањето на серијата Ubice mog oca. Медиумите ја поврзуваа со актерот Милош Биковиќ, кошаркарскиот менаџер Момир Гајиќ, манекенот Владо Вуксановиќ, но актерката ги демантираше овие гласини.
Во брак е со кошаркарот Милош Теодосиќ
Во јуни 2017 година, Јелисавета се омажи за српскиот кошаркар Милош Теодосиќ. На 13 февруари 2019 година, таа во Лос Анџелес роди девојче кое го доби името Петра. Денес малата Петра има братче со име Богдан, кое неодамна наполни 1 година.
Филмско и театарско портфолио
Иако првенствено ја знаеме по улогите во сериите Vojna akademija и Ubice mog oca, убавата актерка е член на Белградскиот драмски театар од 2013 година.
Има одиграно бројни улоги во популарни претстави внатре и надвор од институцијата, а некои од нив се: Moje dete, Pomorandže za zbogom, Harold i Mod, U pola cene, Dnevna zapovest, Mobilni, Kad su cvetale tikve, Tri klase i gospođa Nušić, Hotel 88, Boing Boing...
Можеме да ја видиме во епизодна улога во серијата Pevaj brate. Во 2014 година ja глумеше Ана во филмот Amanet, кој беше прикажан на филмскиот фестивал во Монтреал, следната година.
Во 2015 година ја глумеше Данка во серијата Andrija i Anđelka и Милица во филмот Panama. Во 2016 година започна со снимањето на серијата Ubice mog oca, со улогата на Тијана.
Експлицитните секс сцени меѓу неа и актерот Предраг Бјелац привлекоа големо внимание, по што Јелисавета изјави дека носи костим за капење и дека нема од што да се срами.
Во 2020 година беше дел од филмот Hotel Beograd, заедно со Милош Биковиќ и Миодраг Радониќ.
Мила М. | Црнобело