Љубовна врска со Вук Костиќ, експлицитни сцени во серијата „Убице мог оца“ – факти за српската актерка Јелисавета Орашанин
- Детали
- сабота, 05 март 2022
Јелисавета Теодосиќ (Орашанин) е српска актерка која важи за една од најшармантните и најуспешни млади, српски, актерски професионалци.
Родена е на 13 ноември 1988 година во Белград, каде што и живее, а нејзин сопруг е кошаркарот Милош Теодосиќ, еден од најдобрите српски спортисти.
Јелисавета и Милош заедно имаат две деца, 3-годишната Петра и 1-годишниот Богдан, а двајцата вообичаено ретко зборуваат за својот приватен живот.
Во продолжение за вас откриваме повеќе детали од животот на една од најистакнатите актерки на српското поднебје, па и пошироко:
Израснала со родителите и нејзината сестра Милица
Актерката повеќепати во јавноста зборувала за блискоста со нејзината сестра, која по професија е стоматолог. Милица пред неколку години стапила во брак, а со својот избраник имаат син.
Во младоста, двете сестри распустите најчесто ги поминувале на Златибор, каде нивните родители имале викендичка.
Музички образована
Шармантната актерка посетувала нижо музичко училиште каде научила да свири пијано и гитара.
Рана љубов кон театарот
Уште како мало девојче, Орашанин ја обожавала природата, спонтаноста и глумата. Нејзините родители често ја воделе на куклени и театарски претстави во театарот „Пуж“, па така малата Јелисавета рано сфатила која ќе биде нејзината животна професија.
Уште на седум години таа започнала да посетува актерски работилници. По завршувањето на средното училиште, Јелисавета се запишува на Факултетот за драмски уметности, под менторство на Драган Петровиќ – Пеле.
Всушност, актерската генерација на Јелисавета ќе биде една од најуспешните генерации кои некогаш произлегле од ФДУ.
Со неа студирале многубројни српски, познати актери како: Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Милош Биковиќ и др...
Јелисавета е љубител на екстремните спортови
Таа обожава веслање, пливање, зимски спортови, јавање... Позната е по своето витко тело, па неколкупати позирала за различни модни едиторијали.
Кучето Љубица е центар на нејзиниот свет
Оние кои ја познаваат Јелисавета, за неа велат дека е „докажан“ љубител на животни.
Досега нашла дом за пет напуштени кучиња, но кога пријателката Марија ѝ кажала дека нашла едно напуштено и исцрпено јазовичарче, не можела да одолее, па го посвоила и ја нарекла Љубица.
“Беше 31 март, прв убав ден откако започна пролетта. Се симнав пред зграда и се стресов кога видов како изгледа. Целата беше преплашена, со затворени очи, многу недоверлива. Веднаш решив да ја земам. Беше љубов на прв поглед. Ја нареков Љубица и почнав да се грижам за неа.
Беше коска и кожа, тежеше три килограми помалку од сега, и се плашев дека не ќе може да се опорави. Ѝ готвев месо, ориз, моркови. Љубица е толку добра што ја носам и во театар, таа ме чека во соблекувалната додека јас ја играм претставата.
Во случај на двојни и долги снимања, таа престојува кај сестра ми и си игра со нејзиниот џек расел, со кој се согласуваат одлично“.