Љубовна врска со Вук Костиќ, експлицитни сцени во серијата „Убице мог оца“ – факти за српската актерка Јелисавета Орашанин

Јелисавета Теодосиќ (Орашанин) е српска актерка која важи за една од најшармантните и најуспешни млади, српски, актерски професионалци.

7-godishna-vrska-so-Vuk-Kostikj-eksplicitni-sceni-vo-serijata-Ubice-mog-oca-fakti-za-Jelisaveta-Orashanin-edna-od-najprofesionalnite-srpski-akterki 01 630x330.jpg

Родена е на 13 ноември 1988 година во Белград, каде што и живее, а нејзин сопруг е кошаркарот Милош Теодосиќ, еден од најдобрите српски спортисти.

Јелисавета и Милош заедно имаат две деца, 3-годишната Петра и 1-годишниот Богдан, а двајцата вообичаено ретко зборуваат за својот приватен живот.

Во продолжение за вас откриваме повеќе детали од животот на една од најистакнатите актерки на српското поднебје, па и пошироко:

Израснала со родителите и нејзината сестра Милица

Актерката повеќепати во јавноста зборувала за блискоста со нејзината сестра, која по професија е стоматолог. Милица пред неколку години стапила во брак, а со својот избраник имаат син.

Во младоста, двете сестри распустите најчесто ги поминувале на Златибор, каде нивните родители имале викендичка.

Музички образована

Шармантната актерка посетувала нижо музичко училиште каде научила да свири пијано и гитара.

Рана љубов кон театарот

Уште како мало девојче, Орашанин ја обожавала природата, спонтаноста и глумата. Нејзините родители често ја воделе на куклени и театарски претстави во театарот „Пуж“, па така малата Јелисавета рано сфатила која ќе биде нејзината животна професија.

Уште на седум години таа започнала да посетува актерски работилници. По завршувањето на средното училиште, Јелисавета се запишува на Факултетот за драмски уметности, под менторство на Драган Петровиќ – Пеле.

Всушност, актерската генерација на Јелисавета ќе биде една од најуспешните генерации кои некогаш произлегле од ФДУ.

Со неа студирале многубројни српски, познати актери како: Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Милош Биковиќ и др...

Јелисавета е љубител на екстремните спортови

Таа обожава веслање, пливање, зимски спортови, јавање... Позната е по своето витко тело, па неколкупати позирала за различни модни едиторијали.

Кучето Љубица е центар на нејзиниот свет

Оние кои ја познаваат Јелисавета, за неа велат дека е „докажан“ љубител на животни. 

Досега нашла дом за пет напуштени кучиња, но кога пријателката Марија ѝ кажала дека нашла едно напуштено и исцрпено јазовичарче, не можела да одолее, па го посвоила и ја нарекла Љубица.

“Беше 31 март, прв убав ден откако започна пролетта. Се симнав пред зграда и се стресов кога видов како изгледа. Целата беше преплашена, со затворени очи, многу недоверлива. Веднаш решив да ја земам. Беше љубов на прв поглед. Ја нареков Љубица и почнав да се грижам за неа.

Беше коска и кожа, тежеше три килограми помалку од сега, и се плашев дека не ќе може да се опорави. Ѝ готвев месо, ориз, моркови. Љубица е толку добра што ја носам и во театар, таа ме чека во соблекувалната додека јас ја играм претставата.

Во случај на двојни и долги снимања, таа престојува кај сестра ми и си игра со нејзиниот џек расел, со кој се согласуваат одлично“.

За љубовните врски на актерката прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg