Мустафа Сандал се сврши со 20 години помладата девојка - интимна прослава со бурми и торта (фото)
- Детали
- понеделник, 21 февруари 2022
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, со кој има два сина, продолжи понатаму... Мустафа Сандал (52) се сврши со 32-годишната атрактивна Турчинка Мелис Сутшуруп.
Мустафа Сандал (52) едвај чекаше да стави и официјално крај на бракот со пејачката Емина Јаховиќ за да се сврши со својата девојка, атрактивната русокоса Мелис Сутшуруп (32).
Парот прослави со разменување на бурми и торта, а за оваа пригода Мелис носеше црн фустан од тантела.
„Сега тој е мој свршеник, но ќе ми биде љубовник за цел живот“, напиша вљубената Мелис.
Церемонијата им беше во тајност, далеку од очите на јавноста.
Пејачот и на својот Инстаграм профил објави дека се среќни заедно и сакаат да градат семејство и дека се надеваат дека сите ќе ги поддржат во тоа. Тој им се заблагодари и на сите кои имаат добри намери и добро срце.
Парот планира свадбена церемонија во јуни.
Според пишувањата на српските медиуми, на свршувачката на Мустафа и Мелис присуствувале и неговите синови од бракот со Емина Јаховиќ, Јаман и Јавуз.
https://www.instagram.com/p/CaK-gLQL4Zc/
Повеќе фотографии од парот:
https://www.instagram.com/p/CZ82i9irfQa/
https://www.instagram.com/p/CUzJAH-A0Nh/
https://www.instagram.com/p/CKfE3mEALZv/