Ќерката на српскиот тајкун Жељко Митровиќ во раскош прослави 22-ри роденден со украинскиот милијардер (фото)
- Детали
- среда, 16 февруари 2022
Со дијамантски накит, часовник и специјален цветен аранжман од рози со бројот „22“, украинскиот милијардер ѝ го прослави роденденот на саканата. Парот, познат по раскошниот животен стил, повторно сподели детали на Инстаграм, меѓу кои и средбата со сопственикот на српската телевизија Пинк, односно таткото на Кристина.
Кристина Митровиќ, ќерката на српскиот бизнисмен и сопственик на телевизија Пинк Жељко Митровиќ, веќе неколку години е во врска со еден од најмладите милијардери на светот, a од 2020 парот е и свршен. Станува збор за Украинецот Илија, за кој се пишува дека е наследник на „кралот на ураниумот“. Живее и работи во Лондон, но често престојува и во Обединетите Арапски Емирати поради бизнисот.
Деновиве таа го прослави својот 22-ри роденден, а по тој повод нејзиниот сакан ја изненади со раскошен цветен аранжман со рози, скапоцен часовник, дијамантски прстен и што уште не. Сето тоа надополнето со балони и торти и овековечено со фотки за на нивните Инстаграм профили, каде постојано споделуваат детали од својот раскошен животен стил.
Неодамна партнерот на Кристина сподели фотографија со неа и нејзиниот татко Жељко Митровиќ и напиша:
„Одличен ден со одлични луѓе, а денот штотуку започна“.
Очигледно српскиот тајкун има одличен однос со својот зет, а можно е да станува збор и за некаква професионална соработка.
По повод роденденот вљубениот Украинец на својата сакана ѝ порача:
„Среќен роденден моја КРАЛИЦЕ. Те сакам најмногу на светот и ти посакувам да ти се оствари сè што си замислуваш, затоа што навистина го заслужуваш тоа. Ти си мојата втора половина и ме правиш подобра личност секој ден. Те сакам и едвај чекам да ги видиш подароците.“
Потоа се огласи и таа со благодарност до него што секогаш ѝ ги приредува најубавите изненадувања.