Била силувана двапати, ја присилиле да си замине од Хрватска – Факти за Мира Фурлан
-->
Мира е ќерка на истакнатиот хрватски научник Иван Фурлан, со мајка ѝ често се карала во младоста, а потоа ѝ пишувала писма во кои го изразувала сопственото каење. Кога Мира имала само 16 години, нејзината мајка починала од рак.
Мира во 1978-мата година дипломирала на академијата за театар и филм во Загреб, а потоа се запишала и на катедрата за англиски и француски јазик на Филолошкиот факултет, но никогаш не ги завршила студиите.
Во 1986-тата година го запознала српскиот режисер Горан Гајиќ со кого започнала врска. Со оглед на тоа што живеела на релација Загреб-Белград во почетокот на 90-тите години хрватските медиуми ја обвиниле дека има симпатии кон Србија и ја прогласиле за предавник, а еден од насловите во медиумите гласел „Тешкиот живот на лесната жена“.
-->
Таа се соочувала со голем број предрасуди и заради еврејските корени, но и заради тоа што често одела на психолог. Добила отказ во Народниот театар во Хрватска, а ѝ бил одземен и станот што го наследила од баба ѝ. Секој ден добивала околу 50 закани по животот и на крај во весниците била објавена и нејзината адреса, поради што се чувствувала загрозено.
Во 1991-та година Мира и Горан одлучиле да се преселат во Белград, а потоа и во САД. Прво живееле во Њујорк, каде Мира работела како келнерка, продавачка и преведувач, а нејзиниот сопруг бил доставувач, асистент на монтажа и монтажер.
Во 1993-та година Мира ја добила улогата во серијата Babylon 5 по што таа и Горан успеале повторно да се вратат на филмските кариери и успеале да се преселат во Лос Анџелес.
Мира и Горан се венчале и во 1998-мата година го добиле синот Марко Лав.
-->
-->
За хрватските медиуми Мира првпат по заминувањето во САД, дала интервју во 2008-мата година, односно цели 17 години откако „била прогонета“ од сопствената татковина.
-->
Таа имаше мошне успешна кариера во Холивуд и се појави во повеќе холивудски филмови и серии, како Law and Order: Los Angeles, NCIS, Lost, Twice born, Just add magic…
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ
Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир
Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца
Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант...
Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за...
„Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...