Српска инфлуенсерка критикувана за претеран Фотошоп на фотки: „Раката ѝ е долга 2 метри“
- Детали
- четврток, 30 декември 2021
Српската модна блогерка Зорана Јовановиќ доби над 22.000 лајкови за новите фотографии што ги објави од автомобил во Дубаи, но имаше и такви што се запрашаа што се случува со нејзината нога и рака.
Српската модна блогерка Зорана Јовановиќ (30) честопати е мета на критики поради „обработените“ фотографии што ги објавува на социјалните мрежи, а овојпат дел од нејзините следбеници особено се загледаа во неприродниот изглед на некои делови од нејзиното тело.
Очигледно Зорана за новите фотографии од Дубаи користела широкоаголна камера, поради што некои делови од телото ѝ изгледаат здебелено, а други издолжено, но сепак тоа не ги спречи фановите да помислат дека станува збор за лош Фотошоп.
Фотографиите собраа голем број лајкови, а имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана:
„Вака изгледаат фотографиите кога ќе се намести 0.5 затоа што просторот е мал, а таа не била во вистинската позиција, поради што некои делови изгледаат подолго, а некои подебело“ – стои во еден од коментарите.
Сепак, голем број од другите следбеници веднаш побрзаа да прокоментираат колку сите делови се неприродни:
„Што се случи со ногата“, „Малку повеќе се заиграла“, „Видете и го листот на ногата“, „Раката ѝ е долга 2 метри, таа е хит со обработката на фотографиите“- стои во дел од коментарите.
Зорана одлучи дека треба да одговори на критиките па на Инстаграм Стори објави краток текст во кој појасни дека фотографиите не се обработувани во Фотошоп, туку дека сепак станува збор за употреба на широкоаголна камера.
„И не, не е Фотошоп туку е сликано со 0,5 и така излезе. Повелете ова е необработената фотографија од галеријата и буквално симнете ми се од грб“ - порача таа во текстот на истата фотографија за која доби голем број критики.
Инаку, Зорана беше критикувана и во текот на летото кога објави фотографии на кои се гледа дека едната нога ѝ е подолга и „подебела“ од другата, а коленото воопшто го нема.
Зорана е една од најпознатите српски блогерки, која има и свој YouTube канал, а честопати е мета на критики поради обработките на фотографиите што ги објавува.
Погледнете дел од нејзините фотографии објавени на Инстаграм:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





