Малата Илма Карахмет порасна во убавица и пееше за светски познати модни дизајнери во Милано (видео)
- Детали
- понеделник, 27 декември 2021
„На мојата среќа ѝ нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надеваш. Најголемо задоволство за еден пејач е кога во кариерата ќе му се пружи можност да пее пред светски познати луѓе“, напиша гордата Илма Карахмет од Босна и Херцеговина за чиј моќен вокал слушна и светот.
Таа беше еден од најмоќните вокали во шоуто X-Фактор на само 13 години, а сега Илма Карахмет од Босна и Херцеговина порасна во вистинска убавица и деновиве пееше за познатите канадски модни дизајнери, близнаците Дин и Ден од модниот бренд Dsquared2.
Илма пееше за нив во Милано, Италија, а браќата изгледаа воодушевено од нејзината изведба. Била ангажирана да пее за прием во нивниот дом во Милано.
„Имам навистина голема чест да бидам гостинка на прием на светски познатите модни дизајнери Дин и Ден во Милано каде ми ја отворија вратата од нивниот дом. Таа чест ја имам затоа што го сакаат мојот глас и сакаат кога пеам само за нив.
Пресреќна сум поради сè, на мојата среќа ѝ нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надеваш.
Најголемо задоволство за еден пејач е кога во кариерата ќе му се пружи можност да пее пред светски познати луѓе како што се Дин и Ден. Јас сум пресреќна поради ова, а вам како ви се допадна?“, напиша таа.
Илма беше дел од натпреварувањето X-Фактор во 2013-та година, кога победи нашиот Даниел Кајмакоски.
Потоа таа ја продолжи својата пејачка кариера, а во 2018-та година на свои 18 години стапи во брак со Седин Лакач, со кого е уште во брак и за кој вели дека ѝ е најголема поддршка.
Фотографии и видеа од дружбата со познатите дизајнери:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





