Ја поврзуваат со Душко Тошиќ, раскош со бившиот сопруг: Факти за Тамара Николиќ - една од најубавите Србинки

Таа беше во брак со наследникот на империјата Кариќ, водеше раскошен луксузен стил и е една од најубавите српски манекенки... Сега ја поврзуваат со сопругот на Јелена Карлеуша.

ja-povrzuvaat-so-dushko-toshikj-raskosh-so-bivshiot-soprug-fakti-za-tamara-nikolikj-edna-od-najubavite-srbinki-01.jpg

Деновиве српските медиуми се преплевени со гласините дека Душко Тошиќ е во врска со српската манакенка Тамара Николиќ. Наводно парот бил забележан како се забавува до раните утрински часови.

Душко Тошиќ сè уште е во брак со Јелена Карлеуша, но по информациите за нејзиното наводно неверство тие не прикачуваат заеднички фотографии и Душко постојано го поврзуваат со различни жени.

Парот има две ќерки и ги негира гласините за развод.

Но, која е Тамара Николиќ (33)?

Таа е дефинитивно една од најубавите Србинки.

Била во брак со 15 години постариот Симон Кариќ, познат филмски и музички продуцент, наследник на империјата Кариќ, со кого во 2016 година доби ќерка.

Парот се свршил во Париз, а се венчале во 2015 година. Но, во 2018 година следуваше развод.

Симон е брат на пејачката Данијела Кариќ, со која нашата Елена Ристеска имаше дует. Станува збор за навистина богато српско семејство.

Симон наводно е голем пријател со холивудската ѕвезда Стивен Сигал.

По разводот со него Тамара изјави: „Двајцата сме фокусирани на нашите кариери, а за љубов и брак е потребен труд од страна на двајцата партнери“.

За време на бракот таа водела навистина раскошен животен стил со многу патувања и луксуз, а на крајот од љубовната идила Тамара наводно го пријавувала Симон и во полиција поради вознемирување.

По разводот ја поврзуваа со неколку мажи, од кои последен е фудбалерот Душко Тошиќ.

Во српските медиуми кружат споредби од тоа како изгледала Тамара пред, а како по козметичките процедури:

Повеќе фотки од Тамара:

Повеќе фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стана мајка на 42 години, завршила во кревет со колега додека сопругот ја барал - Се сеќавате ли на ... „Додека се подготвував за ин-витро, забременив по природен пат. Мислам дека е то...
Карлеуша во нова „војна“ со Душко Тошиќ - помалата ќерка застана на страната на мајка си „Би ја замолила ‘другата страна’, наместо дополнително да нè срами во медиумите ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Ѝ оставал цвеќе пред врата, ја уценувале да се разведе од него – Бурната љубовна приказна на Јелена ... Како започна и како се заврши приказната на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ? Неког...
Душко Тошиќ ѝ праќал пораки на Северина, сакал да му пее на јахта – Пораките заради кои бившиот на К... „Работиш ли на родендени?“ – ја прашува Душко Тошиќ Северина во една од пораките...
Венчавка, крштевка и втора бременост - Тамара Милановиќ од „X-фактор“ славеше за три работи во еден ... Тамара Милановиќ, една од миленичките во „Х-фактор“, која се натпреваруваше заед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg