Причината за „затегнатите“ односи помеѓу мајката и сопругата на Новак Ѓоковиќ: „Не мислев дека ќе се ожени со неа“
- Детали
- вторник, 21 декември 2021
Наводно односите помеѓу сопругата и мајката на Новак Ѓоковиќ се мошне влошени и тоа влијае врз светски познатиот тенисер, па тој не може да се сконцентрира на натпреварите. Како одговори Јелена на гласините?
Односите помеѓу снаите и свекрвите отсекогаш биле интересни за јавноста, особено кога станува збор за јавните личности.
За односот помеѓу Јелена Ѓоковиќ (35) и мајката на нејзиниот сопруг Дијана (57) со години наназад се пишува во медиумите и најчесто српските таблоиди, повикувајќи се на сопствени извори, шпекулираат дека односите меѓу Јелена и мајката на Новак се заладени и дека сопругата го одделила од семејството.
фото: Blick.ch
Во изминатиот период во српските медиуми излезе веста дека наводно Јелена е гневна на Дијана, затоа што таа изјавила дека никогаш не очекувала дека Новак да се ожени со неа.
„Како младо момче што се занимаваше со оваа работа, тој немаше време за забавување. Повеќе беше на пат, отколку што беше дома. Се запознав со една негова девојка што беше одбојкарка од Краљево, но беа деца.
Подоцна ја запознавме Јелена. Кога имаа 18 години не мислев дека ќе се венчаат, имаше време за сè, но ете, го поби моето мислење и се ожени со Јелена“ – изјави Дијана, пренесува Story.rs.
Дополнително, мајката на светскиот рекет број еден рече дека не сака да се меша во животот на Јелена и Новак, но не се сложува со начинот на исхрана на децата, затоа што општо е познато дека тие на своите деца не им дозволуваат храна со шеќер.
Новак пак, избегнува да јаде месо, но никогаш за себеси не рекол дека е вегетаријанец.
„Тие за жал ретко доаѓаат, си создадоа сопствено семејство и оаза, а Јелена на сопствен начин прави одредени работи. Доаѓа до несогласувања, особено во однос на начинот на исхрана, што јас не го поддржувам“ – рече Дијана.
Според српските медиуми, Јелена е гневна заради изјавата на Дијана, во која свекрвата рекла дека не очекувала дека Новак ќе се ожени со неа.
За потсетување, за односот меѓу Јелена и родителите на Новак се пишувало со години наназад. Во 2018-та година, особено беа гласни прозивките упатени кон сопругата за која се велеше дека наводно го одвоила Новак од родителите.
фото: Tennisworldusa.org
Сепак, Јелена тогаш одлучи да стави крај на гласините така што на својот Инстаграм профил објави фотографија на која заедно со свекрва ѝ го бодрат Новак од трибините во Лондон, а во описот напиша: „Најголемите навивачи“
Како ќе одговори Јелена на најновите шпекулации во медиумите, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело