Петар Грашо за гласините дека неговата 14 години помлада девојка е бремена: „Татко ѝ не дозволува ништо пред брак“
- Детали
- четврток, 02 декември 2021
Хрватскиот пејач Петар Грашо на почетокот на годинава раскина со својата долгогодишна партнерка пејачката Данијела Мартиновиќ, а само неколку месеци подоцна во хрватските медиуми се појави информацијата дека тој е во врска со 14 години помладата Хана Хулиќ.
Петар Грашо во изјава за хрватската телевизија Nova прокоментира за гласините и пишувањата дека е во врска со 14-години помладата Хана.
„Мошне сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е добро и среќни сме“ – рече тој.
https://www.instagram.com/p/CVxjuERMDSb/?utm_source=ig_web_copy_link
Тој накратко прокоментира и за пишувањата во дел од медиумите во изминатиот период, па како што рече бил мошне изненаден од некои написи.
„Јас сфатив дека, колку повеќе го кријам приватниот живот, толку вниманието на медиумите е поголемо. Ние го живееме сопствениот живот и важно е луѓето околу нас да се задоволни и сите да се мирни, но и задоволни“ – рече тој.
https://www.instagram.com/p/CVFbxlMs4j9/?utm_source=ig_web_copy_link
Претходно во медиумите имаше шпекулации дека наводно Хана е бремена, но Петар ги отфрли ваквите пишувања, па изјави за tPortal:
„Првоат слушам за ова. Тоа не е вистина, уште повеќе затоа што Тончи Хуљиќ (таткото на Хана), откако ја напиша Misu стана повнимателен и им забрани на своите деца да прават што било пред бракот“ – рече тој.
Хана Хуљиќ е ќерка на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ. Нејзиното семејство долги години наназад биле пријатели со Петар и со Данијела.
Петар и Хана во 2016-та година заедно го снимија дуетот Srce za vodica, а во изјава тогаш Петар откри дека „малата Хана“ уште како дете била вљубена во него.
„Јас ѝ бев омилен пејач кога беше мала, па дури и ми пишуваше мали писменца со нејзиниот детски ракопис, што сè уште ги чувам“- рече тогаш Петар.
Инаку, во минатиот период и Данијела Мартиновиќ се огласи за раскинувањето на врската со Петар Грашо.
Повеќе за нејзините изјави и за тоа како се чувствува за врската на Хана и Петар, прочитајте тука.
Б. С. Б. | Црнобело