Први фотки од третото дете на турската актерка, позната како Шехерезад, по тешкото породување

„Не ми е јасно како тие последни денови поминаа со брзина на светлината и веќе поминаа три недели …“ – напиша турската актерка Бергузар Корел до фотографиите со нејзиниот сопруг. Бергузар сподели и неколку фотографии со новородената ќерка.

prvi-fotki-od-tretoto-dete-na-turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-po-teshkoto-poroduvanje-koga-letnaa-tri-nedeli-01.jpg

Турската актерка Бергузар Корел (39) ги сподели првите фотографии од новородената ќерка Лејла на Инстаграм.

Минатата недела, актерката која кај нас е позната по улогата на Шехерезад во турската серија „1001 ноќ“, сподели фотографии од породувањето и во опис до фотографијата објасни со какви компликации и проблеми се соочила за време на нејзиното трето породување.

Прочитајте повеќе: Турската актерка позната како Шехерезад објави потресни фотки: „Се породував 11 часа, имаше компликации“

Бергузар е пресреќна што по двата сина на свет конечно донела мало девојче, па на Инстаграм објави прва фотографија по породувањето, на која се гледа како оди на прошетка со новороденото бебе:

„На кафе со другарката во сабота?“ – напиша таа до фотографијата.

За време на прошетката Бергузар беше „уловена“ од папараци, а фотографијата е објавена во турските медиуми.

prvi-fotki-od-tretoto-dete-na-turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-po-teshkoto-poroduvanje-koga-letnaa-tri-nedeli-02.jpg

Освен овие фотографии, таa објави и фотографија со нејзиниот сопруг Халит Ергенч 51, направена три дена пред породувањето, на која, како што вели во описот, не може да си поверува колку многу отекла.

„Она што не ми е јасно е како тие последни денови поминаа со брзина на светлината и веќе поминаа три недели …“ – напиша таа меѓу другото до фотографијата.

Веднаш по фотографиите од тешкото породување Бергузар објави и фотографии на кои се гледа како ја дои новородената Лејла.

„Ова место долго ќе мириса на млеко“ – напиша таа до фотографијата.

Инаку, Бергузар Корел и Халит Ергенч кој на македонската публика ѝ е познат по улогата на Сулејман Величествениот се во брак од 2009-та година.

Тие заедно имаат три деца, синот Али (11), синот Хан (1) и ќерката Лејла која се роди на 3-ти ноември годинава.

prvi-fotki-od-tretoto-dete-na-turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-po-teshkoto-poroduvanje-koga-letnaa-tri-nedeli-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Се откажа од ќерката единица и поднесе барање за развод - Семејна драма во домот на член од „Амадеус... „Јавно се откажав од ќерка ми, а потпишав и тестамент во кој целиот свој имот им...
Лицата на познатите регионални пејачки кога се снимени одблиску и кога позираат за на Инстаграм Како изгледаат познатите регионални пејачки кога се снимени одблиску без филтри ...
Први фотки од Касандра во Белград - По 27 години се врати на Балканот, потрошиле 30.000 евра за нејз... Голем број новинари и фанови се собраа синоќа на аеродромот во Белград да ја пре...
Милена Радуловиќ: „Ако имав ќерка ќе ѝ кажев - Ако момче те тепа или допира, тоа не е затоа што му с... Милена Радуловиќ, која го обвини за силување својот професор по глума Мирослав М...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg