Андрија Милошевиќ на 43 години првпат ќе стане татко, 9 години е во врска и не планира брак – љубовта на актерот низ фотки

„Радосни сме за среќните вести и не го криеме тоа“ – актерот Андрија Милошевиќ (43) ги потврди шпекулациите дека неговата девојка Александра Томиќ е бремена. Тој преходно говореше за тоа каков татко ќе биде и дали планира да се промени кога ќе стане татко.

andrija-miloshevikj-43-oficijalno-potvrdi-kje-stanam-tatko-euforijata-e-golema-01.jpg

Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ (43) и неговата 10 години помлада девојка Александра Томиќ по 9 години врска го очекуваат своето прво дете.

Иако првично среќните вести ги споделија само со најблиските, сепак, веста веднаш беше пренесена и во голем број од балканските медиуми.

Актерот кој кај нас е најпознат по улогата во серијалот „Андрија и Анѓелка“ за првпат проговори јавно за убавите вести во медиумите, па рече:

„Мошне сум радосен за среќните вести. Ние не го криеме тоа. Ќе дојде време кога јавно ќе говориме за тоа. Еуфоријата е голема.

Благодарност до сите луѓе што упатија честитки, а имаше премногу. Ќе има прилика за сè да разговараме во јавноста“ – вели Андрија, а пренесува српски Blic.

Андрија и неговата избраничка Александра се запознале во театарот „Бошко Буха“, каде таа веднаш по завршувањето на факултетот требало да игра во претставата „Малечката сирена“, а важат за еден од најхаризматичните актерски парови.

Тие се заедно веќе цели 9 години, подолго време живеат заедно, не веруваат во институцијата брак, но сметаат дека се сродни души:

„Ако нешто е прашање на среќа во животот, тогаш тоа е да ја најдеш својата втора половина. Замислете колку е тоа тешко сега, кога продажбата на телото и душата стана стандард“ - вели Андрија.

За тоа каков татко ќе биде Андрија прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на се... „Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Александра Пријовиќ блеска во втората бременост – разголените аутфити ги замени со удобна облека Со малку отечено лице, но блескав труднички сјај, Александра Пријовиќ откри дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg