Бившиот на Северина со шокантни откритија: „3 месеци бегав од нејзините хистерии, мислам дека е зависничка“ (видео)

Српскиот „крал на бакарот“ вели дека секогаш кога ќе дојдело до хистерии и обиди за кавги помеѓу нив двајца, тој секогаш си заминувал.

Милан откри дека кај Северина забележал огромни промени во расположението поради што барал двајцата заедно да се тестираат на зависности од наркотични супстанци.

bivshiot-na-severina-so-shokantni-otkritija-3-meseci-begav-od-nejzinite-histerii-mislam-deka-e-zavisnichka-video-03.jpg

„Кога побарав да се тестираме на опојни супстанци, за да имаме повеќе доверба еден во друг, таа одби, а по ова следеше кавга и таа тврдеше дека јас од неа тоа не смеам да го барам“ – вели тој и тврди дека по разговор со експерти, дознал дека тоа е главната причина за нејзините осцилации и дека со тоа не сакал да се носи.

На Милан особено му пречело тоа што наводно Северина постојано ја делегирала грижата за нивното дете на други луѓе.

„Таа го занемаруваше детето, не поминуваше време со него, не го носеше во училиште, за него се грижеа други луѓе.

Игор, додека беше партнер на Северина, повеќе водеше сметка за Александар и за тоа сум му благодарен.

Јас секогаш сакав таа да се грижи за детето, а не на некој друг да му ја препушта таа улога“ – вели тој.

Милан открива дека на почетокот дури бил подготвен и материјално да ѝ помага на мајката за таа да не мора да работи. 

„Кој нормален човек може да ѝ плаќа 30.000, 40.000, 50.000 евра месечно? Бараше да ѝ компензирам додека е трудна.

Емотивно завршивме, но решив да останам покрај неа, како татко на детето. Кога престана да работи, не знам во кој месец од бременоста беше тоа, морав секој месец да ѝ плаќам, зашто сакав, а кога престанав - почнаа уцените“ - вели тој.

Целото интервју со Милан Поповиќ можете да го погледнете на следниот линк:

Прочитајте и Северина доби старателство над синот - каде ќе живеат, колку дена ќе биде со неа, а колку со Милан Поповиќ

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg