Јелена Ѓоковиќ со рака на глава испраќа моќна порака: „Децата се мета на осудување, ги наведуваат на самоубиство“

Сопругата на светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, активно се вклучува во борбата за поткревање на свеста кај родителите од опасностите за децата на интернет и од користењето на електронските уреди.

jelena-gjokovikj-decata-ni-pominuvaat-po-7-chasa-pred-mobilen-treba-da-diskutirame-za-opasnostite-01.jpg

Јелена Ѓоковиќ (35) на Инстаграм упати повик до нејзините следбеници да го побараат и да го погледнат на YouTube документарниот филм за детството и социјалните мрежи, насловен Childhood 2.0.

До фотографијата што Јелена ја објави, со цел да привлече поголемо внимание, напиша:

„Социјалните мрежи и паметните телефони се мошне опасни за нашите деца. Не само за развојот на нивниот мозок, туку и за нивната безбедност.

Кога ќе го погледнете овој филм ќе имате прилика да видите како родителите и децата се осврнуваат на различни проблеми и целосно отворено говорат за своето секојдневие. Децата поминуваат минимум 7 часа на телефоните и се префрлаат од една на друга апликација.

Досада = телефон.

Социјални мрежи = напаѓање, осудување, критики, повици за самоубиство или секс.

Едно од овие семејства во филмот изгубило еден член – детето извршило самоубиство по малтретирање од своите врсници на возраст од само 10 години.

Ова се теми на кои треба зачестено да се говори и активно да се бара решение. Ве молам погледнете го филмот и ајде заедно да дискутираме“ – напиша Јелена.

Нејзината објава наиде на позитивни коментари, па така една нејзина следбеничка напиша:

„Браво Јелена, конечно некој да ги предупреди родителите јавно, дека не е полесно на детето да му се даде телефон или таблет и да се решите од тоа да се занимавате со вашите деца.

Тоа може да биде мошне опасно како за психичкото, така и за физичкото здравје на детето. Дури потоа ќе имате проблеми што не можат да ги решат ниту телефоните и таблетот, ниту пак стручните лица.

Децата се најголемото богатство што го имате, посветете им го слободното време – тие се жедни за тоа.“

Филмот Childhood 2.0 на Јамин и Киова Винанс е наменет за сите што сакаат подобро да го разберат светот во кој растат нашите деца.

Во него се обработуваат теми во кои родители од реалноста, нивните деца, како и дел од експертите во ИКТ секторот за безбедност и развој, говорат на теми како што се сајбербулинг, натрапници, наведување на самоубиство и други значајни теми.

На самиот почеток на филмот, на децата им поставуваат прашање да кажат што правеле нивните родители кога немале интернет: „Испраќале факсови“ – вели една девојка.

Станува јасно дека децата практично не можат да го замислат животот без електронските уреди, а родителите сметаат дека таквите промени оставаат огромен печат врз емотивниот развој на нивните деца.

Филмот можете да го погледнете на следниот линк:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
„Децата ќе го исмеваат“ - Огњен Амиџиќ и сопругата се мета на критики за името на синот, Мина со хит... Долго размислував за тоа име и кога ѝ предложив на Мина веднаш ѝ се допадна. Сак...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Родителите му починаа во 4 дена, има две посвоени ќерки - Животната приказна на Сергеј Четковиќ Маркантен, висок, згоден - Сергеј Четковиќ е сон на многу жени. Но, пејачот има ...
Јелена Карлеуша брутално искрена: „Душко ми рече да се убијам по голите фотки – жигосана сум заради ... „Мојот живот е уништен на 1000 начини. И сопругот Душко тогаш ми велеше дека тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg