Најпластичните мајка и син од Хрватска со бајковита прослава за нејзиниот 62-ри роденден (фото)
- Детали
- понеделник, 20 септември 2021
Од торта со розови пеперутки и бисери до внимателно избрани стајлинзи, како го прослави роденденот 62-годишната Хрватка која ја споредуваат со Барбика?
Хрватскиот стилист Марко Грубниќ го носи епитетот хрватски Кен, а пак неговата мајка, русокосата Бранка Грубниќ неретко ја нарекуваат Барбика.
Неодамна Бранка го прослави својот 62-ри роденден, а Марко стави низа фотки од бајковитата прослава на својот Инстаграм профил.
Од торта со пеперутки до специјално розово мени, прославата беше испланирана внимателно до најситен детаљ.
Марко ѝ го честиташе роденденот на мајка си со објавата:
„Среќен роденден Моја Кралице. Ние сме тука да те славиме тебе. Ти го правиш секој миг специјален и вреден за паметење и со својата смеа го правиш животот за сите нас среќен и исполнет со љубов. Среќен роденден мамо, те сакам.“
Фотки од прославата: