Жена од Казахстан, мажена во Црна Гора, стана вирален хит - цепе дрва во разголено издание
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
Со кратки панталони и градник или во бикини... Оваа црногорска снаа е вредна жена, што му помага на сопругот и цепе дрва, а сака да биде и убава додека го прави тоа.
Марина Догвал Симовиќ (36) по потекло е од Казахстан, a омажена е во Цетиње, Црна Гора и е мајка на три деца. На Инстаграм има 11.000 следбеници, а привлече големо внимание со смелите фотографии што ги објавува.
Во Црна Гора дошла пред 11 години и вели дека на почетокот навистина ѝ било тешко да се навикне, затоа што луѓето иако се пријатни, тие сакаат да прашуваат каде работиш, за кого си омажена, колку пари заработуваш, а нејзе тоа воопшто не ѝ се допаѓа, затоа што смета дека тоа се лични работи за кои што не треба да се говори.
Таа за српските медиуми раскажува дека сопругот Велибор го запознала преку Facebook, а во родниот Казахстан работела во банка:
„Сакав да патувам, сакав да го посетам Јадранското Море. Дојдов овде, а тој веднаш сакаше да се ожени со мене. Ги запознав неговите роднини, а мајка ми ми рече сама да одлучам што ќе правам“ – раскажува Марина.
Откако се породила со првото дете почнала да вежба и добила идеја да почне да работи како фитнес тренер.
Таа раскажува дека воопшто не очекувала дека ќе се стекне со толкава слава на социјалните мрежи и дека ќе предизвика толку многу коментари. Како што вели, Инстаграм профилот го направила откако почнала да се занимава со спорт, за да стекне повеќе клиенти, а коментарите што ги добива се најразлични: има и пофалби, но и такви што ја критикуваат и велат дека треба да се засрами што објавува такви фотографии затоа што е мајка на три деца.
Иако честопати Марина е мета на критики поради провокативните фотографии и на почетокот сопругот не се согласувал со нејзините одлуки, Велибор сега вели дека на фотографиите гледа само како на нешто што е составен дел од нејзината работа.
„Имам добра жена, убаво семејство, така што на тоа гледаме само како на работна задача и ништо друго“ – вели Велибор.
На прво место таа вели дека е мајка и домаќинка, а со насмевка на лицето вели дека главниот збор во куќата сепак го има нејзиниот сопруг.
Најголемо внимание привлекоа фотографиите и видеата на кои таа во ултра кратки пантолони и спортски градник цепе дрва. Вели дека цепењето дрва е дел од нејзиниот секојдневен тренинг.
„Тоа е дел од мојот живот и тоа не е фотографирано намерно. Јас секако цепам дрва и му помагам на сопругот“ - вели таа.
Погледнете дел од нејзините фотографии и видеа:
Погледнете повеќе фотографии на следната страна...
Би можело да ве интересира:





