Вук Костиќ – српскиот „Дон Жуан“ на чиј шарм паднаа најубавите жени во Србија
- Детали
- среда, 25 август 2021
Српскиот актер Вук Костиќ на сцената е од дете кога играл во ТВ филмови и претстави, а во приватниот живот често бил поврзуван со убави жени, па затоа и го нарекуваат српски „Дон Жуан“.
Во март годинава Вук Костиќ ја одигра улогата на Милорад Улемек Легија, човекот што го организираше атентатот на Зоран Ѓинѓиќ, во мини-серијата „Породица“. На сцената е од дете, а во приватниот живот често бил поврзуван со убави жени. Кој е Вук Костиќ?
Вук Костиќ (41) е српски театарски и филмски актер што практично пораснал на „штиците што живот значат“. Уште како мало момче играл во неколку филмови од телевизиската серија „Отворена врата“, а на 6 години играл во претставата „Свети Георгије убива аждаху“ во Атеље 212.
Тој е син на познатиот српски актер Михајло Костиќ Пљака, а по завршувањето на тригодишното средно образование веднаш се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград.
На македонската, но и на светската јавност ѝ станува познат по улогата во филмот „Апсолутних 100“ од 2000-тата година, која ја одиграл додека бил во третата година од студиите. Денес тој е еден од најпопуларните млади српски актери, играл во поголем број познати филмови, а низ годините го поврзувале со поголем број српски убавици, пишува српски Blic.
Кога се спомнуваат неговите поранешни девојки, прва на ум ни паѓа, ТВ водителката на Пинк, Ана Михајловски со која беше во врска во текот на минатата година (2020 година), потоа неговата колешка Јелисавета Орашанин, а пред нив бил во врска и со манекенката Ивана Станковиќ која своевремено снимила реклама и со Брус Вилис.
Со Станковиќ тој бил во врска во 2006-тата година. Целата врска се одвивала подалеку од очите на јавноста, а раскинувањето поминало без поголеми скандали и публицитет.
Интересно е што Станковиќ била 6 години постара од него, а заедничка карактеристика им е тоа што и двајцата пружале мошне голем отпор кон технолошките уреди. Познатиот актер со години не сакал да купи компјутер, а Ивана не сакала ниту да слушне за паметен телефон.
За Вук се знае дека додека бил на студии бил во врска со колешката Бојана Стефановиќ, по неа една година бил дури и верен со непозната девојка по име Ана, но таа љубов не била крунисана со брак.
По ова тој 4 години бил во врска со Јелисавета Орешанин. Се запознале преку заеднички пријатели, а раскинале во 2015-тата година. Јелисавета по ова го запознала кошаркарот Милош Теодосиќ со кого е во брак и со кого ја има ќерката Петра.
За неговата врска со Ана Михајловски во текот на минатата година се пишуваше доста, сè додека тие не се појавија заедно на промоцијата на филмот „Јужни ветар“ по што следеа коментари дека изгледаат мошне добро заедно. Но, на големо разочарување на јавноста и оваа врска не траеше долго.
https://www.instagram.com/p/Btf_omYhYk1/?utm_source=ig_web_copy_link
По раскинувањето со Ана, медиумите пишуваа за наводна врска со фолк-пејачката Милица Павловиќ.
Меѓу другите што отворено коментирале дека некогаш биле во врска со него, е и српската пејачка Ивана Петерс, пејачката на бендот „Негатив“ кој го направи и саундтракот за филмот „Апсолутних 100“, насловен „Крај“.
Како и да е, иако со него се поврзуваат голем број убави девојки и славни Србинки, сепак е јасно дека тој сè уште не ја нашол вистинската.
Погледнете повеќе фотографии од Вук Костиќ во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело