Јелена Томашевиќ објави фотки без грам шминка - ужива на одмор со сопругот и ќерката
- Детали
- вторник, 17 август 2021
Пејачката зрачи со убавина и природност на фотките од одморот со сопругот, српскиот заводник Иван Босиљчиќ, кој ѝ напиша „Моето сѐ“, мислејќи на неа и нивната ќерка.
Јелена Томашевиќ е во среќен брак со Иван Босиљчиќ од 2011-та година, а пред да стапат во брак имале бурна љубовна врска.
Прочитајте повеќе: Факти за српскиот заводник Иван Босиљчиќ - продавал на пазар, во брак е со Јелена Томашевиќ
Пејачката и актерот го држат приватниот живот далеку од очите на јавноста, но понекогаш знаат да изненадат со семејни фотки.
Моментално тие се на летен одмор заедно со нивната ќеркичка, а Јелена ужива во сосема природно издание.
На фотките со сопругот таа е облечена во црвено бикини и нема грам шминка на себе, но зрачи со природна убавина.
Нејзиниот сопруг на фотката од неа и ќеркичката пак, во коментар напиша: „Моето сè“.
Повеќе фотки од одморот на Јелена и Иван:
Постари фотки од парот:
М. М. | Црнобело