Одевме на одмор во Несебар и на Сончев брег - Српска инфлуенсерка нè потсетува на одморите во Бугарија
- Детали
- среда, 04 август 2021
Одевте ли и вие на одмор во Бугарија, иако Црното Море беше далеку од совршено? Или уште одите? Се сеќавате ли на магичниот стар дел од гратчето Несебар, на лудите забави во Сончев брег, на огромните бугарски ќебапчиња со специфичниот зачин чубрика, на ниските цени?
Одевте ли на одмор на Црно Море во Бугарија? Некако овие одмори нè потсетуваат на едно поинакво време.
Морето беше далеку од совршено, но цените беа навистина ниски, а гратчето Несебар имаше некоја посебна магија, особено неговиот стар дел.
Од друга страна пак Сончев брег беше срцето на забавата, па имаше локали со забави до раните утрински часови.
Српската инфлуенсерка Јована Квржиќ, по посетата на Охрид и битолското село Дихово, го продолжи своето патување во Бугарија.
Таа за Несебар пишува на својот Инстаграм профил:
„На само неколку минути возење од хаотичниот Сончев Брег се наоѓа гратче која е негова комплетна спротивност, прекрасниот Несебар. Несебар е поделен на стар и нов дел и јас го шетав стариот.
Стариот град е сместен на остров, кој сега е претворен во полуостров затоа што доби пат кој го поврзува со копното.
Архитектурата е мешавина од ориентален и грчки стил. Ова е град музеј и има „експонати“ и под и над водата, така што е строго забрането да се гради што било или да се менува без посебни дозволи.
Несебар е познат и по големиот број цркви, од кои повеќето се изградени во време на турското владеење.“