Бурак Озџивит со сопругата „Неџла“ и синот на одмор - ловат риба и уживаат во Бодрум
- Детали
- четврток, 29 јули 2021
Турските актери Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрије Евџен Озџивит заедно со синот Каран, уживаат на одмор во Бодрум.
Актерот што го помниме по улогата на Бали бег, во серијата „Сулејман Величествениот“ и неговата сопруга што на нашата публика ѝ е позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“ заминаа на одмор, подалеку од филмските камери, а одлучија со нивните следбеници на социјалните мрежи да споделат неколку фотографии од тоа како си поминуваат таму.
Бурак (36) со синот Каран со брод заминал на риболов, па на социјалните мрежи се пофали колку голема риба уловиле.
„На Каран рибата“ - напиша на шега Бурак до фотографијата.
На профилите на Бурак и на Фахрије може да се забележат повеќе фотографии од тоа како уживаат во одморот заедно со синот. Но, славната актерска двојка беше уловена и од фотографите.
Погледнете дел од фотографиите:
https://www.instagram.com/p/CRtQZkGqQ08/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело