Бергузар Корел позната како „Шехерезад“ го покажа трудничкото стомаче во бикини (фото)
- Детали
- петок, 25 јуни 2021
Бергузар Корел и Халит Ергенч, или како што подобро ги знае јавноста – Онур и Шехерезад – го очекуваат нивното трето дете. Тие деновиве ги поминуваат на одмор во Бодрум, а Бергузар иако во поодмината фаза од бременоста, реши да се фотографира во бикини и фотографиите да ги сподели на Инстаграм.
На фотографијата ја гледаме убавата Бергузар како ужива покрај базенот што практично допира до морето.
„Летото започна!“ – напиша таа до фотографиите.
Пред два дена таа објави фотографија до која опиша како изгледало патувањето на одмор со мали деца. Како што вели, морале да станат пред зори за да се подготват и да тргнат на одмор.
Инаку, Бергузар и Халит веќе имаат два сина (Али и Хан), а неодамна го открија и полот на третото дете.
Актерката организирала мала забава со најблиските, а од настанот објави и неколку фотки на Инстаграм. На објавата има и фотографија од торта украсена со фигура на женско бебе.
„Нека имаме големо семејство, здрави и среќни деца. Возбудата од среќата за нашата ќерка нè обзеде сите. Сакав да ја споделам нашата среќа и со вас!“, пишува во описот на објавата.
Б. С. Б. | Црнобело