Како изгледаат денес актерите од турската серија „1001“ ноќ?
- Детали
- сабота, 20 април 2024
Како денес изгледаат Шехерезад, Онур, Кан, Бену, Керем, Фусун, Али Кемал и останатите актери од хит-серијата „1001 ноќ“?
Скоро и да не постоеше некој кој не ја гледаше првата турска серија во Македонија, „1001“ ноќ.
Серијата се емитуваше во периодот од 2006 до 2009 година и беше вистински хит.
Љубовната приказна меѓу Онур и Шехерезад ја следеа стотици илјади гледачи.
Главите улоги во серијата ги имаа актерите Халит Ергенч, Бергузар Корел, Тарду Флордун и Џејда Дувенџи.
Токму на снимањето на оваа серија Берѓузар и Халит се заљубиле еден во друг и ги напуштиле своите тогашни партнери за да бидат заедно.
Од 2009 година се во брак и имаат три деца: синовите Алиј и Хан и ќерката Лејла.
фото: Инстаграм
Во серијата се зборува за Шехерезад Евлијаоглу која е талентирана архитектка и работи во голема компанија Бинјапи Холдинг за конструкции во сопственост на Онур Аксал и Керем Инџеоглу.
Таа е мајка на младо момче кое страда од леукемија и му е потребна итна и многу скапа операција.
Поради итната ситуација на нејзиниот син, Шехерезад е приморана што е можно поскоро да најде пари за операцијата.
Само нејзиниот шеф, Онур, прифаќа да ѝ позајми пари, но цената е една ноќ со него.
Поминаа скоро 2 децении од емитувањето на првата епизода, а актерите драстично го променија својот изглед.
Погледнете како изгледаат денес:
Шехерезад (Берѓузар Корел)
Онур (Халит Ергенч)
Кан (Ефе Чинар)
Бену (Чејда Дувенчи)
Керем (Тарду Флордун)
Фусун (Јонча Чевхер)
Али Кемал (Ерѓун Демир)
Михрибан (Мелахат Абасова)
Гани (Барту Кучукчаглајан)
С. Ш. | Црнобело