Скопјани за одморот во Грција: Плажите речиси празни, маски само во маркет, а цените поскапени

„Само на појадок и вечера, која се служеше со шведска маса гостите носеа маски“ - вели скопјанка за CRNOBELO.com, објаснувајќи дека иако им било речено на гостите дека додека се шетаат или поминуваат низ хотелот мора да носат маски речиси никој не го почитувал тоа, додека надвор и на улица се шетале слободно без маски. Ива вели дека носењето маски било задолжително само во маркетите, додека на плажите не.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-01.jpg

Со речиси празни плажи и поскапени цени Грците ја отворија сезоната за ова лето.

Од Македонците кои веќе ја посетија Грција дознаваме дека иако мерки за претпазливост има, истите се почитуваат само од страна на вработените, плажите се речиси празни (во моментот на пишување на статијата - 24.06.2021), а маски се задолжителни само во маркетите.

Чувство како да сме на плажа во октомври“

Мики и Ива од Скопје ја посетија Калитеа мината недела со својата тригодишна ќерка, а своето искуство го раскажаа за CRNOBELO.com.

Тие биле сместени во хотел, со појадок и вечера на принцип шведска маса, а на брегот на Егејското море останале седум ноќи.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-03.jpg

Тие велат дека биле изненадени од непосетеноста на плажите. Ива вели дека хотелите се пополнети, но приватното сместување, вилите и апартманите, од она што го видела, се празни.

Според неа, тоа е поради стравот кој сè уште постои меѓу народот, па тие повеќе веруваат дека мерките ќе бидат попочитувани од големите ресорти и хотели отколку од приватните понудувачи на соби и апартмани. Сепак, ова не важи за сите места, а за тоа може да игра улога и периодот во кој биле на одмор, со оглед на тоа што сезоната наскоро почнува и се очекуваат многу гости.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-20.jpg

„На граница беше лабаво. Поминавме со потврда за антитела на англиски јазик и единствено нè прашаа во кој месец сме го прележале вирусот. На двете граници се задржавме по околу 20 минути“ – вели Ива која појаснува дека иако патувале за време на викенд, немало воопшто метеж на македонско-грчката граница.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-02.jpg

Во врска со мерките за претпазливост од вирусот таа вели дека во хотелот каде биле сместени, вработените постојано биле со маски и собите се дезинфицирале секојдневно.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-21.jpg

Таа додава дека плажите биле средени, но празни.

„Имав чувство дека сме на плажа во октомври“ – вели Ива.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-05.jpg

Во однос на цени, забележале значително поскапување на цените. Бидејќи биле сместени во хотел не ги посетувале баровите и рестораните на плажа.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-06.jpg

„Гирото беше 3.30 евра, истото гиро што претходно најмногу чинеше 2.50 евра“ - вели младата скопјанка која додава дека и цената на кафињата на плажа е малку повисока од претходните години. Покрај Македонци, меѓу малиот број на гости на Калитеа најбројни во тој период биле Србите и Романците.

Бесплатни брзи тестови

Скопјанецот Мартин со неколку другари во почетокот на јуни поминале една недела во Сарти и една недела на островот Самотраки (Samothrace), каде традиционално летувале секоја година пред пандемијата. Тој вели дека границата ја поминале брзо, само со презентирање на негативен ПЦР тест.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-08.jpg

„Плажите беа празни, а многу барови не беа отворени. Не знам дали зошто сезоната сè уште не е почната во полн ек или воопшто нема да работат ова лето“ – вели Мартин. За цените вели дека не приметил голема разлика. Пивото е од 3 до 5 евра, а гиро до 4 евра.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-30.jpg

Во однос на мерките за претпазливост вели дека на плажите речиси не постојат, тука се носат маски само во маркет или локални продавнички. Само на почетокот во баровите на плажа немало музика, но кон крајот на одморот тие мерки попуштиле.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-31.jpg

„Пред одењето на островот пополнивме прашалник кој беше задолжителен пред качување на траектот, а исто така имаше и бесплатни брзи тестови“ – раскажува Мартин за постпандемискиот летен одмор, кој додава дека најмногу имало Срби и Бугари, но и Германци и Британци.

Гужва само за викенд

Бојан од Скопје со слично искуство, границата ја поминал со негативен ПЦР тест за помалку од десет минути, а плажите биле празни.

Бил сместен во апартман во Неа Фокеа, а ги посетувал плажите во Афитос. Сместувањето во Неа Фокеа било 50 евра по ноќ за повеќе од пет ноќевања, или 75 евра за помалку од пет, додека во Афитос скоро дупло поскапо.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-11.jpg

Тој бил таму од петок до среда, а само за викендот имало мало раздвижување на плажите претежно со српски гости. Според него ова е бидејќи сè уште е рано, па гостите најчесто се фамилии со деца.

Во ноќните часови било речиси празно. Во однос на цените Бојан вели дека вечера во ресторан со риба чини околу 30 евра, за гиро и пиво ви се потребни околу десетина евра, додека фрапе на плажа е 2,5 евра.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-41.jpg

Во споредба со 2017 година, цените во Грција се поскапени за околу 1.5 евра во просечните ресторани, а исто така има поскапување и на лежалките на плажа. Во однос на сместувањето, цените во Грција се зголемени за десет проценти.

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-40.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-15.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-12.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-16.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-18.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-17.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-10.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-05.jpg

skopjani-za-odmorot-vo-kalitea-i-sarti-plazite-prazni-maski-samo-vo-market-a-cenite-poskapeni-13.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg