Северина на Малдиви без шминка, со совршени костими за капење, но и никогаш послаба (фото)
- Детали
- вторник, 15 јуни 2021
Од впечатливи костими за капење до совршени фустани, Северина уште еднаш покажа дека и на 49 години е неверојатна убавица, иако некои од фановите коментираат дека поп дивата изгледа преслабо.
Северина иако го заврши одморот на Малдиви, не може да престане да објавува фотографии од оваа егзотична дестинација.
Хрватската дива изгледа беспрекорно со совршено избраните кадри, како и впечатливите костими за капење.
Таа и без шминка е вистинска убавица.
Но, на некои од фотографиите се гледа дека хрватската пејачка е драстично ослабена. Особено се забележува кај нозете, коментираат фановите.
Дали на ова влијаат проблемите во нејзиниот семеен живот или пак едноставно Севе најмногу се сака во вакво издание не знаеме, но нејзините фотографии дефинитивно изгледаат како разгледници.
Фото-прошетка со Северина на Малдиви:
Прочитајте и Што прави Игор Којиќ периодов?
С. С. | Црнобело