Српските претставнички Hurricane направија бура на евровизиската сцена со „Loco Loco“, чиј аранжман е на нашиот Дарко Димитров (видео)
- Детали
- четврток, 20 мај 2021
Нашиот Дарко Димитров учествуваше во аранжманот на песната и моментално е во Ротердам како поддршка на српските претставнички. Им предвидувате ли пласман во финале?
Српската група Hurricane настапија вечерва (20.05) на втората полуфинална ноќ на Евровизија, со надеж за пласман на финалето кое ќе се одржи на 22-ри мај во сабота.
Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ енергични и ведри како и секогаш танцуваа и пееја и донесоа бура од емоции на сцената.
Нашиот Дарко Димитров го направи аранжманот на песната, заедно со Немања Антониќ, и моментално е во Ротердам како поддршка на Hurricane.
Како изгледаше настапот на Hurricane:
С. С. | Црнобело