Српските претставнички Hurricane пред полуфиналето на Евровизија – поддршка од Марија Шерифовиќ, блеснаа на тиркизниот тепих
- Детали
- вторник, 18 мај 2021
Трите шармантни девојки добија поддршка од Марија Шерифовиќ... Некогашната победничка на Евровизија специјално за тоа отпатува во Ротердам.
Српската група Hurricane ќе настапи на втората полуфинална ноќ на Евровизија на 20-ти мај, со надеж за пласман на финалето кое ќе се одржи на 22-ри мај во сабота.
Нашиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи вечерва (18.05) на првата полуфинална ноќ.
Интересно е што трите девојки што ја пеат песната „Loco loco“ добија поддршка од Марија Шерифовиќ. Победничката на Евровизија, од 2007 година со песната „Молитва“ во Хелсинки, отпатува за Ротердам за да ги поддржи овогодинешните претставнички на нејзината држава.
Таа од срце навива за нив, а според фотките и видеата на нивните Инстаграм профили се гледа дека одлично се забавуваат.
Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ на видеата танцуваат, пеат, но и уживаат во храна и пијалак. Очигледно минуваат мигови за паметење пред настапот на Евровизија.
Како изгледаа Hurricane на тиркизниот тепих:
Какви фотки и видеа од Ротердам објавуваат на Инстаграм Стори:
Како ќе изгледа нивниот настап - видео од втората евровизиска проба:
С. С. | Црнобело