Северина на ден пред својот роденден: „49-ко имај на ум дека секоја твоја ‘зла’ претходничка убаво ја испратив“

Среде сите скандали околу разводот и одземеното старателство, Северина продолжува посилна од кога било, подготвена за 49-тата година од нејзиниот живот. „Јас не се откажувам и ниту една година не ми ја одзеде надежта и вербата во доброто“, порачува таа.

severina-na-den-pred-svojot-rodenden-49-ko-imaj-na-um-deka-sekoja-tvoja-zla-prethodnichka-ubavo-ja-isprativ-01.jpg

Северина утре (21.04) ќе го прослави својот 49-ти роденден, а на ден пред роденденот таа напиша емотивна објава за годината што ѝ претстои.

Нејзината предроденденска објава:

„Драга моја 48-цо, збогум... Утре те менува 49-ката.

Драга моја 49, седни малку, да поразговараме ние две. Те молам немој да те лаже мојата детска разиграност и да помислиш дека лесно ќе ме изиграш. Некои твои ‘зли’ претходнички сепак несебично ми ‘подарија’ многу од сѐ и сешто не баш убаво, кои некои го нарекуваат ‘искуство’.

Така што те молам не ми мавтај со твоите бројки, имај на ум дека секоја твоја ‘зла’ претходничка убаво ја дочекав и испратив, баш како што ќе направам и со тебе, ако има потреба. Но, мора да кажам дека сепак имаше мноооогу повеќе добри години.

Ако бидеш добра, ќе ти бидам најдобра пријателка и ќе ги решам сите твои проблеми, само ти опушти се и со ум ќе ја решиме кризната ситуација... И покрај сите препреки. Ти знаеш која!

Јас не се откажувам и ниту една година не ми ја одзеде надежта и вербата во доброто, иако некои признавам навистина се потрудија. Па, ти советувам да не се обидуваш. Само смеј се секој ден (како на оваа фотографија) и сѐ ќе биде во ред. Добро?

Не се давај 49-та.

Поздрав генерацијо 1972.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Северина со нова моќна песна за синот: „Ја напишав за да ја исфрлам од себе тагата, кога ми го одзед... „Ја напишав по одлуката на Врховниот суд, со која рекоа дека треба да ми ги одзе...
Северина во солзи пред публиката - Не можеше да ја испее песната посветена на синот (видео) „Моја обврска, моја должност беше да станам, да се облечам, да се нашминкам, да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg