Посетувала балетско училиште, била верена со Стјепан Хаусер – детали од животот на извонредната Јелена Розга
6. Нејзино домашно милениче е малиот Ринго, јоркширски териер без кој не може да живее
Во повеќе наврати пејачката има изјавено дека секој момент од слободното време таа го посветува на нејзиниот миленик, член на семејството, малиот Ринго, кој го добила во 2012 година.
7. За оваа „модна кралица“ не постојат бариери
Иако важи за една од најдобро облечените естрадни личности, таа неколкупати има изјавено дека не постои нешто што никогаш не би го носела.
Јелена смета дека модата вирално се менува, како и луѓето, па затоа никогаш не треба да кажеме „не“ на нешто, затоа што можеби тоа е токму она што ќе го сакаме во годините кои допрва ни доаѓаат.
8. Еден од нејзините љубовни партнери беше шармантниот Стјепан Хаусер, од 2CELLOS
Овој некогашен пар за првпат заедно бил забележан во 2015 година, на еден од концертите на познатото дуо 2CELLOS, во Љубљана.
Во 2016 година тие се верија, истакнувајќи дека никогаш нема да се венчаат, туку ќе останат вечни свршеници.
По две и пол годишна врска, во 2017 година парот реши да стави крај на својата емотивна врска и како што велат тие, останале во пријателски односи.
фото: принтскрин од Инстаграм/објавата сега е избришана
За крај, ви подготвивме неколку музички предлози од маестралната Јелена Розга:
; ; ; ; ;Мила М. | Црнобело