Јелена Карлеуша: „Душко е човек кој никогаш не изневерил, ниту понижил, а трпи напади поради мене“
- Детали
- вторник, 16 февруари 2021
Јелена Карлеуша како лавица го брани својот сопруг и тврди дека тој не ја изневерува: „Тие што пишуваат за тебе, на колена треба да клекнат колку ти се недостојни.“
Во последно време постојано се шират гласини дека фудбалерот Душко Тошиќ ја изневерува својата сопруга Јелена Карлеуша.
По повод сите пишувања Јелена објави заедничка фотографија од нив, направена за време на вечера со пријатели во Истанбул, и напиша:
„На здравје за добриот, чесен, нерасипан човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за големиот спортист.
На здравје за човекот кој никогаш не изневерил, понижил или посрамотил. НИКОГО. НИКОГАШ.
Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади од „болесниците“ во таблоидите. ПОРАДИ МЕНЕ. Поточно поради нивната болна омраза кон мене.
Имам потреба да напишам: ТЕБЕ ДУШКО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ТИ ФРЛИ ДАМКА, не постои таква „багра“, со такви зли намери и такви лаги кои можат да осквернават добар човек и неговото семејство. Неизмерно ми е жал што таа „багра“ ти го споменува името... Затоа што на колена треба да клекнат колку ти се недостојни.“
С. С. | Црнобело