Емотивна фотка од татко и син спасени, рушевини и настрадани - Последиците кои ги остави земјотресот од 6.3 степени во Хрватска

По вчерашниот земјотрес, тлото на Хрватска денес (29.12.2020) го стресе уште посилен земјотрес од 6.3 степени по Рихтер, кој остави материјални штети низ градовите, предизвика огромен страв кај граѓаните, многумина останаа без кров над глава, а за жал неколкумина ги изгубија животите.

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-rushevini-i-nastradani-posledicite-koi-gi-ostavi-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-1.jpgфото: Фејсбук страна Загреб/N1

Силните потреси и нестабилното тло не им дозволуваат на Хрватите да склопат мирно очи овие два дена.

Вчерашните потреси од 5.3 и 5 степени по Рихтер ги разбудија Хрватите, а во текот на целиот ден следеа уште неколку послаби потреси.

Во текот на денешниот ден, околу пладне, Хрватска беше погодена од уште посилен земјотрес од 6.3 степени по Рихтер, со епицентар во околината на градот Петриња, кој предизвика големи материјални штети во градовите околу епицентарот, а истиот беше почувствуван и во околните земји како Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-09.jpgфото: Tanjug/Hina

Силниот земјотрес остави голем број уништени автомобили, куќи без покрив, срушени фасади, а дури и цели објекти како градинки и институции.

Во текот на целиот ден се одвива спасувачка акција, се извлекуваат и спасуваат многуте повредени кои биле затекнати од рушевини и се евакуираат пациенти од разрушени болници, а за жал неколкумина го загубија животот - според информациите до 18 часот, потврдени се 5 жртви. 

Според изјавите за хрватските медиуми, во градовите кои биле најмногу погодени, на речиси сите згради има оштетување, луѓето се во шок и се плашат да се вратат во домовите, па ноќта ја поминуваат во своите автомобили, а хуманите жители од другите градови нудат бесплатно сместување за оние кои останале без кров над глава.

На социјалните мрежи кружат потресителни фотографии од последиците кои ги остави земјотресот посебно во градовите Сисак и Петриња, чиј градоначалник во текот на денот бараше помош од сите кои можат да ја понудат, а граѓаните беа советувани да останат надвор од зградите.

Слика на денот од Петриња, каде таткото со поглед на синот му кажува Спасени сме, готово е!

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-02.jpgфото: Фејсбук

Благодарност до хрватските пожарникари кои ја покажаа својата подготвенот и со брза интервенција спасија голем број настрадани. Херои со кациги!

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-03.jpgфото: Фејсбук

Фотографија која крши срца – Полицаец во шок и неверување...

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-08.jpgфото: Фејсбук

Хрватската пејачка Лана Јурчевиќ случајно го снимила силниот земјотрес:

Градот Сисак по земјотресите:

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-04.jpgфото: Фејсбук

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-05.jpgфото: Фејсбук

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-06.jpgфото: Фејсбук

emotivna-fotka-od-tatko-i-sin-spaseni-jelena-jovanova-psihichki-oshtetena-posledici-od-zemjotresot-od-6-3-stepeni-vo-hrvatska-07.jpgфото: Фејсбук

Јелена Јованова, која живее во Загреб, се огласи по вчерашниот земјотрес, а денес повторно напиша Фејсбук објава со цел да ги информира блиските дека се добро, но дека искуството било страшно:

„Живи и здрави сме! Психички се оштетив ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да нема утре! Не можам на сите да пишам посебно. Неизмерно БЛАГОДАРАМ ЗА ВАШАТА ГРИЖА! Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ЌЕ БИДЕ КОНЕЧНО ДОБРО!“

https://www.facebook.com/jovanova.jelena/posts/10220851918141907?__cft__[0]=AZUcNoMhtWAO-HcQv5-8vCyqUk5RYz-z-YRiVGvTPc8Ywqf9MSw219hJos617FjyxJqaW3lCsS4sqfD3LPzIE_4PwxZhVEGEpN8-6kxnOxVQhLeD1f4-n8Ye_lFvLvhEgDs&__tn__=%2CO%2CP-R

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото) „Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg